Направена макета на Охридска куќа со помош на машината за ласерско гравирање

✔️ Со помош на машината за ласерско гравирање што нашето училиште ја набави преку проект со Здружението “Macedonia Schools Project”, секцијата 3Д под менторство на наставникот по информатика Горан Матески, изготви макета на охридска куќа.

✅ Се реализираше интерактивна работилница во која секој учесник во образовната мобилност на Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” создаде своја макета на охридска куќа.

🎯 Со вакви средства и активности се обидуваме да поврзуваме теорија со пракса, да го ставаме знаењето во активна форма, да поттикнуваме креативност кај нашите ученици, како и да ја промовираме нашата култура и наследство.

Учество на интернационален е-Твининг семинар во Грузија

Интернационален  е-Твининг семинар на тема “Well-being in schools” (Благосостојба во училиштата) се реализираше во период од 9-ти до 11-ти септември 2024 година, во Тбилиси, Грузија. На овој семинар учествуваа наставници од 14 европски земји.

Меѓу нив учество имаше учесници и од нашата држава меѓу кои и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска од ООУ “Ванчо Николески” – с. Лескоец, Охрид.

Continue reading “Учество на интернационален е-Твининг семинар во Грузија”

Претставата „Приказна за една идеја“ и активности за затворање на третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите преказни се наши мостови“

Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Охрид.

🏫 ООУ “Ванчо Николески” 🏫

ПЕТТИ ДЕН (23.09.2024)

✔️Вежба за тимска работа: “Моја приказна, мој мост”.

🗺️ Работилница за ученици:

▪️Учениците во групи креираа е – книга со приказните научени во Охрид.

▪️Презентација на е-книгите.

✅ Работилница за наставниците:

▪️Презентација “Приказните во македонскиот образовен курикулум”

▪️Групна дискусија

▪️Креирање е-брошура

📃 Официјално затворање на образовната мобилност:

▪️Евалуација

▪️Завршување на играта “Моите тајни пријатели” – креирање “Мојата приказна во Охрид”

▪️Доделување сертификати

🎭 Во рамки на образовната мобилност групата учесници ја проследи претставата “Приказна за една идеја” во црквата “Света Софија”, во изведба на младите волонтери од Црвен крст Охрид.

Continue reading “Претставата „Приказна за една идеја“ и активности за затворање на третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите преказни се наши мостови“”

Посета на Музејот на вода, Заливот на коските и Манастирот „Свети Наум“ во рамки на Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Охрид.

🏫 ООУ “Ванчо Николески” 🏫

ЧЕТВРТИ ДЕН (21.09.2024)

✔️Посета на Музејот на вода и Заливот на коските.

🗺️ Работилница: “Приказна за мојот град и мојата држава” – креирање постер по групи и презентација.

✅ Посета на комплексот “Свети Наум”.

🛶 Возење со чамец по изворите на реката Црни Дрим.

📃 Работилница: “Приказна и легенди за Свети Наум”.

Continue reading “Посета на Музејот на вода, Заливот на коските и Манастирот „Свети Наум“ во рамки на Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”

Потрага по скриено богатство и „Приказна за учителот Св. Климент Охридски“ во рамки на Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Охрид.

🏫 ООУ “Ванчо Николески” 🏫

ТРЕТ ДЕН (20.09.2024)

🥇 Спортски игри за загревање.

👫 Активности за играта “Моите тајни пријатели”.

✔️ “Приказна за познатата охридска куќа” – наставен час:

▪️Презентација за охридска куќа

▪️Креирање макета “Секој своја охридска куќа”.

🎁 Прошетка по стариот дел на градот Охрид со туристички водич:

▪️“Приказна за учителот” – потрага по скриено богатство во групи.

📽️ Склопување на најпозната мисла од учителот и правење видеа со истата.

Continue reading “Потрага по скриено богатство и „Приказна за учителот Св. Климент Охридски“ во рамки на Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”