Интернационален е-Твининг семинар на тема “Well-being in schools” (Благосостојба во училиштата) се реализираше во период од 9-ти до 11-ти септември 2024 година, во Тбилиси, Грузија. На овој семинар учествуваа наставници од 14 европски земји.
Меѓу нив учество имаше учесници и од нашата држава меѓу кои и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска од ООУ “Ванчо Николески” – с. Лескоец, Охрид.
📌 Соработките со наставниците од другите држави, размената на искуства и споделување на добри практики е целта на овој семинар, а секако и мотивацијата за работа на заеднички проектни идеи.
✔️ Учесниците се стекнаа со искуства кои ќе им помогнат во професионалниот развој. Главната цел на овој семинар беше да ги мотивира наставниците вклучени во програмата, да работат заедно на проектни идеи, да споделуваат најдобри практики, да промовираат соработка и комуникација и да имплементираат иновативни методи на настава.


Наставниците да учат и развиваат тимска работа и комуникациски вештини, принципи за интегрирано учење на предмети, учење базирано на проекти. И секако една од очекуваните цели беше наставниците да споделуваат идеи, стратегии, искуства и да учествуваат во нов заеднички проект од различни држави.

Наставничката Елисабета Настоска заедно со своите ученици, дел од клубот по англиски јазик, минатата година реализираа 3 е-твининг проекти (Травелманија, Учење англиски јазик преку песни и Културни и географски сличности и разлики меѓу јазиците) и за тоа се наградени со Е-твининг Национални ознаки за минатата 2023 /2024 учебна година.


