Направена макета на Охридска куќа со помош на машината за ласерско гравирање

✔️ Со помош на машината за ласерско гравирање што нашето училиште ја набави преку проект со Здружението “Macedonia Schools Project”, секцијата 3Д под менторство на наставникот по информатика Горан Матески, изготви макета на охридска куќа.

✅ Се реализираше интерактивна работилница во која секој учесник во образовната мобилност на Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” создаде своја макета на охридска куќа.

🎯 Со вакви средства и активности се обидуваме да поврзуваме теорија со пракса, да го ставаме знаењето во активна форма, да поттикнуваме креативност кај нашите ученици, како и да ја промовираме нашата култура и наследство.

Напишете коментар