Училиштето беше посетено од претставник на Здружението “Проект за македонските училишта” од САД, г-дин Том Линехам.

ООУ “Ванчо Николески” веќе 16 години соработува со ова здружение и заедно има реализирано многу проекти, преку кои значително се подобрени условите за работа во училиштето и нагледноста во наставата.
Оваа учебна година со помош на здружението Macedonia Schools Project, кабинетот по информатика се збогати со нови компјутери, машина за ласерско гравирање и апарат за пластифицирање, а минатата година беше изградена училница во природа.
Соработката со ова здружение продолжува, а веќе во подготовка е следниот проект.






