Четврта и последна виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во рамките на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ на 05.11.2024 година се реализира четвртата и последна виртуелна (онлајн) активност од овој проект. На истата учествуваа над 70 наставници и ученици од трите земји учеснички во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

Continue reading “Четврта и последна виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”

Е-книга со приказни од Охрид во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во рамки на третата и последна образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“ во Охрид, учениците учесници ја изготвија третата Е-книга „Приказни од Охрид“, која во себе содржи приказни што беа раскажани на самата мобилност.

Преку приказните раскажани и доживеани на сите образовни мобилности од овој проект, се изградија мостови на пријателство и почитување помеѓу народите и културите на земјите учеснички од проектот.

Дисеминација од образовната мобилност во Охрид во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“

👉 Учениците кои учествуваа на Еразмус+ образовната мобилност во Охрид во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“/”Our stories are our bridges” (Андреа Базгалоска, Ана Ставреска, Дејан Ванѓелофски, Тамара Зенгоска, Ева Ѓузелоска од осмо одделение, како и Иво Коталески од деветто одделение), направија дисеминација на своите впечатоци, искуства и знаења пред нивните соученици.

👌 Секој од нив беше импресиониран од богатството на организираните активности што заедно ги реализиравме во рамки на проектот, од посетените места и институции, како и од приказните слушнати и пренесени од страна на сите вклучени во Еразмус+ програмата.

Continue reading “Дисеминација од образовната мобилност во Охрид во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“”