Дисеминација од образовната мобилност во Охрид во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“

👉 Учениците кои учествуваа на Еразмус+ образовната мобилност во Охрид во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“/”Our stories are our bridges” (Андреа Базгалоска, Ана Ставреска, Дејан Ванѓелофски, Тамара Зенгоска, Ева Ѓузелоска од осмо одделение, како и Иво Коталески од деветто одделение), направија дисеминација на своите впечатоци, искуства и знаења пред нивните соученици.

👌 Секој од нив беше импресиониран од богатството на организираните активности што заедно ги реализиравме во рамки на проектот, од посетените места и институции, како и од приказните слушнати и пренесени од страна на сите вклучени во Еразмус+ програмата.

🍀 Сите ученици истакнаа дека оваа Еразмус+ мобилност беше голема можност за размена на искуства, учење нови работи, зајакнување на пријателствата, како и споделување различни приказни и културни вредности со другите учесници во проектот.

🎯Потенцираа дека преку споделување автентични приказни ги зајакнаа изградените мостови помеѓу учесниците од трите партнер земји.

🍀 Тие ја изразија својата среќа што имаа можност да ги угостат своите пријатели од Словенија и Корчула, што беше големо искуство за нив.

✔️ Со задоволство повторно би се вклучиле во Еразмус+ активности и би сакале повторно да бидат домаќини на нивните пријатели од Словенија и Корчула (Р. Хрватска).

Напишете коментар