Е-книга со приказни од Охрид во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во рамки на третата и последна образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“ во Охрид, учениците учесници ја изготвија третата Е-книга „Приказни од Охрид“, која во себе содржи приказни што беа раскажани на самата мобилност.

Преку приказните раскажани и доживеани на сите образовни мобилности од овој проект, се изградија мостови на пријателство и почитување помеѓу народите и културите на земјите учеснички од проектот.