Во рамките на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ на 05.11.2024 година се реализира четвртата и последна виртуелна (онлајн) активност од овој проект. На истата учествуваа над 70 наставници и ученици од трите земји учеснички во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

На четвртата виртуелна активност ја исполнивме следнава агенда:
👉 Општа проценка и евалуација на мобилноста на Охрид
👉 Евалуација на учениците од образовната мобилност во Охрид
👉 Евалуација на наставници од образовната мобилност во Охрид
👉 Резултати, извештај, дисеминација, промоција
👉 Анализа за резултатите од ученичкиот Пред тест направен во февруари 2024 година и Пост тест направен во октомври 2024 година
👉 Евалуација на фазите на дисеминација, влијание – следење и одржливост
👉 Севкупна евалуација на целокупните проектни активности и процеси
👉 Планирање за понатамошни активности
👉 Работи што треба да се направат (конечниот извештај)
👉 Тековни чувства, размислувања и придонеси за проектот





















🎯 Четвртата и последна виртуелна мобилност заврши со заклучок дека ова беше навистина добар проект, со толку многу активности и приказни, каде што ги постигнавме целите, каде приказните на нашите земји ги изградија мостовите меѓу нас.
🍀 Ќе продолжиме да ги применуваме знаењата и вештините стекнати од овој проект, да ги раскажуваме приказните што ги имавме и научивме, ќе продолжиме да се грижиме за мостовите што ги изградивме, но и да градиме нови, со цел да ги поврземе народите на важни основи, како што се културните и европските вредности и традиции.


