Нашите ученици од второ и трето одделение од Лескоец настапија на предновогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“, во организација на Црвен Крст Охрид и Општина Охрид.
Исто така училиштето имаше штанд со изработени новогодишни украси, со чија продажба учествувавме во собирање средства за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.







