E – Twinnig Културни и природни истражувачи

Традицијата за соработка со Е-Твининг проекти продолжува.

Ученици од VII одд. и оваа учебна година 2024/25 (второ полугодие), зедоа активно учество во проектот „Културни и природни истражувачи“ заедно со наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска.

Заедно со свои соученици од Грузија, Турција, Хрватска и Грција имаа една цел. Преку многубројни активности да ги прикажат убавините на своите држави, да ги прикажат местата и локалитетите кои се под заштита на УНЕСКО и да ги прикажат природните убавини на својата држава а со тоа да ги запознаат другарите од другите држави и истовремено да научат и да ги видат убавините на истите.

Преку интегрирани предмети на училиште, географија, биологија, природни науки, англиски јазик и мајчиниот јазик, преку користење разни ИКТ алатки, да развиваат културна свест и изразување, лична и социјална свест, да учат за да научат, да развиваат и еколошка свест.

Преку проектот „Културни и природни истражувачи“ учениците го збогатија својот вокабулар, потсетувајќи се на културни и природни богатства, традиции и обичаи во својата држава, и  се погрижија да не губат контакт со природата со тоа што беше организирана прошетка во природа и научија како да уживаат во убавините на природата, како да ја заштитат истата и ја научија  нејзината вредност.

Со различни активности, изработка на лого и на постер, креирање и решавање крстозбори, сложувалки, презентации, видеа, онлајн средби со соученици од другите држави сите ученици учеа да бидат активни, креативни, за користат мајчин и странски јазик, и да користат разни икт алатки за учење.

Напишете коментар