Со пригодна свеченост, програма подготвена од повозрасните ученици и нивните наставнички, беа дочекани новите првачиња во ООУ „Ванчо Николески“, како во централното училиште во Лескоец, така и во подрачните училишта во Косел и Куратица.


Директорот на училиштето Сашо Климоски со поздравен говор и во име на сите вработени во училиштето им посака среќна учебна година, здравје и успех во учењето.







Сите првачиња добија пакетчиња со училишен прибор, благодарение на наши исселеници од Америка, како и општествено одговорните компании „Тамаро“, „Гобекс“, „Хоби“ и ТД „Алегор“.










