ОДБЕЛЕЖУВАМЕ ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ

Заеднички испраќаме пораки за важноста на физичката активност од најмали години и поттикнуваме здрави животни навики.

⭐️ Одржувањето на спортскиот, здрав дух – соединува, не познава возрасни граници и создава многу позитивна енергија.

⭐️ Континуирано практикување на спортот од најмали нозе е пред се добро за здравјето, но и за целокупниот детски развој.

🗣️ Ги учиме децата дека физичката активност е еден од клучните фактори за здравје.

⭐️ Низ неколку игри 🤸🏻‍♀️🤸🏼, преку тимска работа децата се учат на дисциплина, толеранција и меѓусебно почитување.

⭐️ Да спортуваме 🏃🏻‍♂️🏃🏻‍♀️🏃🏼, да го чуваме сопственото здравје и да оставиме позитивни примери на заедништво и инклузија, за генерациите зад нас.

⭐️⭐️ Пронајдете време за себе, бидете и вие дел од Европската недела на спортот и изберете ја омилената активност!

Напишете коментар