Првачињата во Лескоец и Косел посадија генерациско дрво

Во соработка со Енхелус Лихнидос и ЈП Комуналец и оваа година првачињата учеа за важноста на грижата за животната средина и садеа дрвца за кои ветија дека ќе се грижат во текот на нивното школување.

Во Лескоец ги посадија Џоко и Елена околу кои ќе се сликаат за нивната полуматура.

Најубавото генерациско дрво коешто беше посадено лани од првоодделенци се вика Бела и се наоѓа во подрачното училиште во Косел. Бела била чувана како вистинско богатство, затоа и пораснала убава и раскошна 🌳 А скоро целото училиште во Косел учествуваа во садењето на Борче и Изи.

Ги поттикнуваме учениците да уживаат во грижата за животната средина.

Напишете коментар