Посета на Планиска спасителна служба при Црвен крст Охрид

Во рамки на Детската недела под мотото „Детето денес – иднината утре!“, учениците од V одделение од Лескоец денес ја посетија Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

🎯 Целта на посетата беше да се подигне свеста кај учениците за значењето на безбедноста, тимската работа и хуманоста – вредности кои се суштински дел од воспитно-образовниот процес, но и од Конвенцијата за правата на детето.

👉 Преку оваа едукативна посета, учениците имаа можност да се запознаат со основите на спасување во планински услови, како и со значењето на безбедноста, одговорноста и солидарноста.

👉 Овие средби се потсетник дека децата не само што се наша иднина, туку и носители на промени – со знаење, грижа и почит кон другите. 🙌

🌟 Посетата беше инспиративна, едукативна и полна со искуства кои учениците ќе ги паметат долго.

Безбедноста и грижата за другите се учат од мали нозе. Денес учевме како се спасуваат животи – утре, можеби токму тие ќе спасуваат!

Напишете коментар