Нашето училиште како едно од трите “училишта без пластика”, беше дел од поп-ап настанот на Градскиот плоштад “Чисто е убаво – Охрид селектира!”

Учениците од еколошката секција и ученичкиот парламент, заедно со одговорните наставници преку игра за селекција се обидуваа да мотивираат, појаснуваат и поучуваат за правилно управување со отпад.


Присутни беа и наставници и ученици од други основни училишта, волонтери од Црвен Крст, Збогум Буково, ЈП „Охридски Комуналец“ и претставници од Општина Охрид, со иста цел – за почист и поубав Охрид!




Настанот беше организиран со поддршка од проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и реализиран од SALAR International.



