Интерна обука за “Општествено – хуманитарна работа”

За време на зимскиот распуст од учениците, на 16.01.2026 година, во просториите на ООУ Ванчо Николески се реализира интерна обука со наставници на тема „Општествено – хуманитарна работа“.

Идејата за обуката беше поттикната од воведувањето на програмата Општествено – хуманитарна работа во второто полугодие од оваа учебна година со учениците од седмо одделение, како и најавата за воведување на истата со сите ученици од седмо, осмо и деветто одделение од следната учебна 2026/27 година.

Обуката беше дизајнирана и реализирана од страна на училишниот педагог Весна Терзиоска и беше во времетраење од 4 саати. Во форма на креативна работилница, базирана на интерактивен пристап, преку активни и истражувачки техники на работа, успешно се остварија целите на истата.

Најпрво учесниците се запознаа со програмата за Општествено – хуманитарна работа и со потребата од нејзино воведување. Ги согледаа принципите, компонентите, пристапот во работата со учениците, како и поврзаноста со Националните стандарди. Потоа се разгледуваа примери од планирања, се анализираа елементите, се дефинираа проблеми, цели, целни групи, се осмислуваа активности, за на крај самите наставници да изработат планирања за Општествено – хуманитарна работа.

Целта на оваа обука исто така беше мотивирање и подготовка на наставниците за успешен старт во имплементација на овој предмет.

Преку општествено – хуманитарна работа учениците ќе стекнат знаења и вештини да бидат активни чинители во заедницата и да ги менуваат нештата на подобро. Ќе се развива емпатијата, грижа за другите и грижа за околината.

Интерната обука за Општествено – хуманитарна работа ја посетија вкупно 20 наставници од нашето училиште, кои добија потврда за присутност и вклученост во истата.

Училиштето е посветено на континуиран професионален развој на воспитно – образовниот кадар.

Напишете коментар