Подготовка за општинскиот натпревар по Прва помош

Нашето училиште започна со подготовка за општинскиот натпревар по Прва помош, што ќе се реализира на 17.04.2026 во организација на Црвен крст Охрид.

👉 Во рамки на секцијата “Прва помош” која ги подготвува учениците за претстојниот општински натпревар по Прва помош, беше реализирана дисеминациска работилница за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина.

👉 Преку презентација, интерактивни вежби, видео и дискусија, учениците се запознаа со Историјатот на Црвениот крст, основоположникот Анри Динан, принципите, значењето на амблемот и компонентите на Движењето.

👉 Посебен акцент се стави на волонтирањето, особините на волонтерот, како и придобивките од волонтирањето што се однесуваат на личен раст и развој на волонтерот, на помош во заедницата, а не на материјална придобивка.

👉 Учениците беа заинтересирани и се мотивираа за вклучување во волонтерски активности и во стекнување знаења и вештини за Прва помош и спасување животи.

👉 Оваа година секцијата “Прва помош” во нашето училиште ја води наставничката Емилија Блажеска, а дисеминациска сесија со учениците ја реализираше педагогот на училиштето и воедно дисеминатор за Црвен крст, Весна Терзиоска.

Одлични резултати на општинскиот натпревар по географија

На општинскиот натпревар по географија што се одржа на 28.02.2026 год. (онлајн), нашите ученици постигнаа одлични резултати и тоа:

👉 Никола Чулчески VI одд.- II место

👉 Ева Ѓузелоска IX одд. – I место

👉Тамара Зенгоска IX одд. – III место

Ментор на сите ученици беше наставничката Татјана Пуцоска Бунчевска.

На учениците им го честитаме постигнатиот успех и им посакуваме голем успех и на регионалниот натпревар 🌍🍀!

Резултати од општинскиот натпревар по Природни науки

На општинскиот натпревар по Природни науки кој се одржа онлајн на 27.02.2026, нашите ученици постигнаа солидни резултати и сите продолжуваат на регионален натпревар.

Природни науки IV одд.:

👉 Бојан Сидороски – III награда

Ментор: Елизабета Јанеска

👉 Ангела Василеска – III награда

👉 Јоана Рошкоска – III награда

👉 Петар Бакрески – III награда

Ментор: Јасна Бадалоска

Природни науки V одд.:

👉 Кирил Деловски – I награда

👉 Ева Илијовска – III награда

👉 Меланија Ристеска – III награда

👉 Тео Тодороски – III награда

Ментор: Габриела Ѓоргиевска

Природни науки VI одд.:

👉 Адријана Китаноска – III награда

👉 Меланија Јанеска – III награда

Ментор: Габриела Ѓоргиевска

👏 Честитки за нашите ученици и нивните ментори за вложениот труд, посветеност и постигнат успех 🏆

На сите им посакуваме уште поголеми успеси на регионалниот натпревар!

Работилници за грижа на природата од волонтери од Црвен крст Охрид

Учениците од подрачното училиште во Косел и Куратица беа опфатени со едукативна работилница за почиста животна средина, која ја реализираа волонтери од Црвен крст.

👉 Учениците научија дека е голема штетата од загадувањето, како треба да се чува природата и кои се придобивките од селектирање отпад 🌎

Успех на општинскиот натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија што се одржа онлајн на 13.02.2026, сите ученици учесници од нашето училиште “Ванчо Николески” поминаа на регионален👏.

Тие го постигнаа следниов успех:

👉 Биологија VII одд.

– Анита Илијовска-III награда

👉 Биологија VIII одд.

– Андреа Сотироска-II награда

👉 Биологија IX одд.

– Тамара Зенгоска-II награда

– Евгенија Стојаноска-II награда

🏆 Им честитаме на сите ученици и на менторот наставничката Габриела Ѓоргиевска, за покажаниот труд, знаење и посветеност 👏.

Малите чекори носат големи промени

На 28 јануари 2026 година во ООУ „Ванчо Николески“ се реализира одлична работилница со нашите ученици за важноста на физичкото и менталното здравје, реализирана од претставници на Здружението на лица со дијабет од Охрид. Нашето училиште соработува со ова здружение и е дел од програмата на Здружението на лица со дијабет од Охрид со училиштата, со цел превенција на учениците од дијабет и формирање здрави животни навики.

Continue reading “Малите чекори носат големи промени”