Малите чекори носат големи промени

На 28 јануари 2026 година во ООУ „Ванчо Николески“ се реализира одлична работилница со нашите ученици за важноста на физичкото и менталното здравје, реализирана од претставници на Здружението на лица со дијабет од Охрид. Нашето училиште соработува со ова здружение и е дел од програмата на Здружението на лица со дијабет од Охрид со училиштата, со цел превенција на учениците од дијабет и формирање здрави животни навики.

На оваа работилница се водеше жив разговор за секојдневните навики со 34 ученици, за храната што ја избираат, за спортските активности во кои учествуваат, за болестите со кои се среќаваат и за тоа како сите овие фактори се поврзуваат со дијабетот и неговите компликации.

Настанот заврши со рекреативен час воден од професор Катерина Стојановска, која преку игри и вежби ја претвори училницата во вистински хаос на радост и смеа, во кој сите уживавме.

Децата заминаа со позитивни мисли и желба да направат промени во начинот на живот, а училиштето остана со постери и пораки што ќе ги потсетуваат секојдневно дека здравјето е нивната најголема супермоќ.

🎯 Ова е само дел од програмата за превенција што ќе ја реализираме до крајот на учебната година со ова здружение.

Напишете коментар