Нашето училиште започна со подготовка за општинскиот натпревар по Прва помош, што ќе се реализира на 17.04.2026 во организација на Црвен крст Охрид.
Во рамки на секцијата “Прва помош” која ги подготвува учениците за претстојниот општински натпревар по Прва помош, беше реализирана дисеминациска работилница за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Преку презентација, интерактивни вежби, видео и дискусија, учениците се запознаа со Историјатот на Црвениот крст, основоположникот Анри Динан, принципите, значењето на амблемот и компонентите на Движењето.






Посебен акцент се стави на волонтирањето, особините на волонтерот, како и придобивките од волонтирањето што се однесуваат на личен раст и развој на волонтерот, на помош во заедницата, а не на материјална придобивка.

Учениците беа заинтересирани и се мотивираа за вклучување во волонтерски активности и во стекнување знаења и вештини за Прва помош и спасување животи.


Оваа година секцијата “Прва помош” во нашето училиште ја води наставничката Емилија Блажеска, а дисеминациска сесија со учениците ја реализираше педагогот на училиштето и воедно дисеминатор за Црвен крст, Весна Терзиоска.