И оваа година ООУ „Ванчо Николески“ со поддршка за лицата со ретки болести!

Под мотото дека ретките болести не се „ретки приказни“ и дека зад секоја приказна има човек, семејство и секојдневна борба, се реализираа низа активности и работилници со учениците и во централното, но и во подрачните училишта во Косел и Куратица.





Ученичкиот парламент се вклучи со свои активности во одбележување на овој месец, преку реализирање интерактивна работилница за ретки болести во Iа и Iб одделение. Најмалите ученици согледаа меѓусебни сличности и разлики, разговараа за важноста од прифаќање на различните, а на крај поентираа “Сите сме различни, но и еднакво важни
“.






Да бидеме тука со слушање, со почит и со поддршка.
Секој заслужува грижа и достоинство!

Училиштето беше осветлено во шарени бои како поддршка за овие лица.
