Ученици и наставник од нашето училиште учествуваа во садење на 850 садници и креирање на Сончева гора над гимназијата во Ресен. Пошумувањето беше овозможено од Man and Mountain во соработка со општина Ресен, локалниот тим на Македонски шуми и Костал.
Засега, најнепосредниот начин да придонесеме кон намалување на загадувањето на воздухот и борбата со климатските промени е садењето на дрвја, а растењето на генерации кои ја сакаат природата и разбираат врската помеѓу нејзиното одржување и нашето здравје е круцијално за секаков тип на напредок.
Благодарност до нашите многу вредни ученици и наставничката во пензија Елена Ел Нади за поддршката ![]()
![]()




