Обука за прва помош на учениците од осмо и деветто одделение

Учениците од осмо и деветто одделение од ООУ „Ванчо Николески“ денес беа дел од обука за прва помош во реализација на Црвен Крст Охрид. Обуката се реализираше во нашето училиште, а учениците имаа можност да се стекнат со основни знаења за укажување прва помош како брза и витална интервенција, чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвадилитет. Овие обуки се во рамки на кампањата по прва помош под мотото „Првата помош спасува живот“  во реализација на националното друштво на Црвениот крст, со која во земјата ќе се обучат 25 000 ученици од основните училишта.

Continue reading Обука за прва помош на учениците од осмо и деветто одделение

ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ПОРТУГАЛИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА“

Во периодот од 10-ти до 15-ти Октомври 2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на третата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Palmela – Setúbal, Португалија. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на земјата домаќин. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија. Тимот од пет ученици од нашето училиште (Јована Крстаноска, Сара Аслимоска, Бојана Илијеска, Дејан Буџакоски и Златко Митрески) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, кои се одговорни на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“. Учениците и наставниците имаа можност да го посетат училиштето во  Palmela кое е партнер во овој проект, да го истражуваат културното и историско наследство на општините Palmela и Setúbal, 

Continue reading ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ПОРТУГАЛИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА“

ДЕТСКА НЕДЕЛА

По повод Детската недела која се одбележува секоја година во првата полна недела од месец октомври и оваа година во нашето училиште ООУ „Ванчо Николески“ се одбележа со низа активности, под  мотото „Другарството е дел од детската среќа“.     Најпрво на 3-ти Октомври , кога е и Светскиот ден на детето се одбележа со читање на Конвенцијата за правата на детето. 4-ти Октомври учениците од прво одделение од централното училиште и подрачното училиште во Косел учествуваа во работилници „Изработка на есенско дрво“, „Пораки за другарство“  и „Играј друштвени игри“. Учениците во овие работилници пишуваа пораки за другарство, изработуваа есенско дрво со пораки за другарчињата и играа друштвени игри. 5-ти Октомври се одбележа со читање  пораки, текстови и стихотворби за учителот по повод Денот на учителот. 6-ти Октомври се реализира еколошка акција за чиста околина и подобро здравје, а 7-ми Октомври се одбележа со свечена приредба  во централното училиште. Истиот ден и во ПУ Косел првачињата го одбележаа приемот во ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, гласно и јасно го кажаа детското ветување.

Continue reading “ДЕТСКА НЕДЕЛА”

УЧЕНИЦИТЕ ОД ЕКОЛОШКАТА СЕКЦИЈА ДЕЛ ОД ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА МАПИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРСКАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

30 ученици од еколошката секција од нашето училиште под менторство на одговорната наставничка Татјана Пуцоска Бунчевска беа дел од едукативната екскурзија за мапирање и правилно управување со трската во Охридското Езеро, која се реализира на 29-ти Септември на бродот Александрија. Едукативната екскурзија беше наменета за ученици од основните училишта, а освен нашите имаше ученици и од ООУ „Братство единство“ и ООУ „Св. Климент Охридски“. Исто така имаше претставници и од Секторот за образование од општина Охрид. Целта на едукативниот настан беше подигнување на еколошката свест кај најмладите, посета на места во Охридското Езеро важни за трската, стекнување знаења за правилен третман на трската и нејзината важност за флората и фауната во Охридското Езеро. Учениците преку најразлични едукативни вежби и работилници се запознаваа меѓусебно, стекнаа нови знаења за зачувување на животната средина, практични вештини, а во исто време се дружеа и поминаа прекрасно корисно време заедно.

Continue reading УЧЕНИЦИТЕ ОД ЕКОЛОШКАТА СЕКЦИЈА ДЕЛ ОД ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА МАПИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРСКАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ПОВТОРНО ДОМАЌИН НА ЕРАЗМУС+ ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ 

ООУ „Ванчо Николески“ во периодот од 19-ти до 23-ти Септември 2022 година беше домаќин на 22 наставници од: Словенија, Србија, Турција и Италија. Посетата беше во рамки на Еразмус+ проектот „Strategies for improving attendance and reducing truancy“/„Стратегии за подобрување на редовноста и намалување на бегањето од часови“,

Continue reading “НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ПОВТОРНО ДОМАЌИН НА ЕРАЗМУС+ ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ “

ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН

Со свечена приредба и поздравен говор од директорот на училиштето Сашо Климоски и градоначалникот Кирил Пецаков на 1-ви Септември беа дочекани првачињата во централното училиште ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Во својот говор директорот Сашо Климоски истакна дека училиштето е втор дом на сите ученици, дека наставниците и вработените во училиштето се тука за да им го олеснат патот за стекнување знаења, а со тоа да станат успешни личности.
– Ви посакувам среќен почеток, да бидете здрави, весели, насмеани и да постигнувате успеси во учењето. Овој ден за вас е голема возбуда и ново животно искуство, а за вашите родители неизмерна радост и гордост. Трудете се да ги исполнувате обврските кон училиштето, а ние сме тука да ви ги обезбедиме сите услови за да бидете безбедни и среќни, истакна директорот.

Continue reading ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УЧЕНИЧКИ АКТИВИЗАМ

На 23.08.2022 година делегација од нашето училиште составена од наставничката по граѓанско образование Александра Петревски, педагогот Весна Терзиоска и учениците Виктор Николоски и Мики Грнчески од IX одделение, присуствуваа на конференција за ученички активизам, која се одржа во хотел Александар Палас во Скопје. Конференцијата беше насловена како „Граѓанско на дело: Од училница во акција“, а беше во рамки на наставиот предмет граѓанско образование. Стануваше збор за динамичен настан каде имаше можност да се проследат успешни наставни и воннаставни активности спроведени од училиштата изминатите години, по иницијатива од самите ученици. Исто така пред учениците беа презентирани организации и институции што ги изучуваат во рамки на програмата за Граѓанско образование, со тоа што нашите ученици имаа прилика да разговараат со претставниците на тие организации и институции. Во рамки на самата конференција се дискутираше и за реформите во граѓанското образование и понатамошните потреби на воспитно – образовниот кадар во училиштата.

Continue reading КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УЧЕНИЧКИ АКТИВИЗАМ

ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ВО ИСТАНБУЛ ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „ЧИСТА ПРИРОДА – ДОЛГ ЖИВОТ“

Во периодот од 24.05 – 28.05.2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на четвртата мобилност од Еразмус+ проектот „Clean nature – long life” („Чиста природа – долг живот“) што се реализира во Истанбул, Турција. Темата на оваа мобилност беше „Рециклирање“, а целта беше да се споделуваат знаења и доживеат искуства за реупотреба на сите материјали што ги користиме. Освен претставници од нашето училиште, на оваа мобилност присуствуваа и претставници од: Англија, Романија, Турција и Португалија. Претставници на оваа мобилност од ООУ „Ванчо Николески“ беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска.

Continue reading “ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ВО ИСТАНБУЛ ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „ЧИСТА ПРИРОДА – ДОЛГ ЖИВОТ“”

УЧЕНИЦИ ОД ПУ КОСЕЛ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

На 27 мај во рамки на годишниот план за личен и професионален развој, наставниците од нашето училиште Александра Петревски и Тони Црвенкоски со учениците од VI одделение од ПУ Косел, реализираа истражување и посета на културното и историско наследство на Охрид. За таа цел беше организирана посета на: Св. Богородица Перивлепта, Галерија на Икони и Св. Пантелејмон – Плаошник. Учениците и наставниците заедно поминаа убаво време заедно, исполнето со бројни информации, забава и корисно искуство.

Continue reading “УЧЕНИЦИ ОД ПУ КОСЕЛ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД”

 ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ НА НАТПРЕВАРИ

На регионалниот натпревар по Географија одржан на 21.05.2022 година, ученичката Елеонора Смическа VIа – освои III место и обезбеди пласман за државен натпревар. Таа беше под менторство на наставничката Татјана Бунчевска Пуцоска.

Continue reading ” ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ НА НАТПРЕВАРИ”