Резултати од општинскиот натпревар по Природни науки

На општинскиот натпревар по Природни науки кој се одржа онлајн на 27.02.2026, нашите ученици постигнаа солидни резултати и сите продолжуваат на регионален натпревар.

Природни науки IV одд.:

👉 Бојан Сидороски – III награда

Ментор: Елизабета Јанеска

👉 Ангела Василеска – III награда

👉 Јоана Рошкоска – III награда

👉 Петар Бакрески – III награда

Ментор: Јасна Бадалоска

Природни науки V одд.:

👉 Кирил Деловски – I награда

👉 Ева Илијовска – III награда

👉 Меланија Ристеска – III награда

👉 Тео Тодороски – III награда

Ментор: Габриела Ѓоргиевска

Природни науки VI одд.:

👉 Адријана Китаноска – III награда

👉 Меланија Јанеска – III награда

Ментор: Габриела Ѓоргиевска

👏 Честитки за нашите ученици и нивните ментори за вложениот труд, посветеност и постигнат успех 🏆

На сите им посакуваме уште поголеми успеси на регионалниот натпревар!

Работилници за грижа на природата од волонтери од Црвен крст Охрид

Учениците од подрачното училиште во Косел и Куратица беа опфатени со едукативна работилница за почиста животна средина, која ја реализираа волонтери од Црвен крст.

👉 Учениците научија дека е голема штетата од загадувањето, како треба да се чува природата и кои се придобивките од селектирање отпад 🌎

Успех на општинскиот натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија што се одржа онлајн на 13.02.2026, сите ученици учесници од нашето училиште “Ванчо Николески” поминаа на регионален👏.

Тие го постигнаа следниов успех:

👉 Биологија VII одд.

– Анита Илијовска-III награда

👉 Биологија VIII одд.

– Андреа Сотироска-II награда

👉 Биологија IX одд.

– Тамара Зенгоска-II награда

– Евгенија Стојаноска-II награда

🏆 Им честитаме на сите ученици и на менторот наставничката Габриела Ѓоргиевска, за покажаниот труд, знаење и посветеност 👏.

Малите чекори носат големи промени

На 28 јануари 2026 година во ООУ „Ванчо Николески“ се реализира одлична работилница со нашите ученици за важноста на физичкото и менталното здравје, реализирана од претставници на Здружението на лица со дијабет од Охрид. Нашето училиште соработува со ова здружение и е дел од програмата на Здружението на лица со дијабет од Охрид со училиштата, со цел превенција на учениците од дијабет и формирање здрави животни навики.

Continue reading “Малите чекори носат големи промени”

Интерна обука за “Општествено – хуманитарна работа”

За време на зимскиот распуст од учениците, на 16.01.2026 година, во просториите на ООУ Ванчо Николески се реализира интерна обука со наставници на тема „Општествено – хуманитарна работа“.

Continue reading “Интерна обука за “Општествено – хуманитарна работа””

Посета од професори и доктори на науки од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје

На 11.11.2025 десетчлена делегација од професори и доктори на науки од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за целите на проектот „Мапирање на потенцијални геохазарди со посебен акцент на сеизмолошки податоци”, го посетија нашето училиште и одржаа едукативни предавања и интерактивни работилници за заштита од земјотрес со учениците од предметна настава.

Continue reading “Посета од професори и доктори на науки од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје”

Посета на Планиска спасителна служба при Црвен крст Охрид

Во рамки на Детската недела под мотото „Детето денес – иднината утре!“, учениците од V одделение од Лескоец денес ја посетија Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

Continue reading “Посета на Планиска спасителна служба при Црвен крст Охрид”