На државниот натпревар по Биологија што се одржа на 08.06.2024 година на Природно – математичкиот факултет во Скопје, нашата ученичка Јована Крстаноска од IXa одделение освои III награда.
Честитки за Јована и за нејзиниот ментор Елена Ел Нади за постигнатиот успех
👉 Во организација на Сојузот за Училишен спорт, а со поддршка на Секторот за спорт при општина Охрид и Градоначалникот Кирил Пецаков, на 6-ти јуни 2024 година се одржа Општинско првенство по Атлетика за основни училишта за IV и V одделение.
🏃♀️🏃🏃♂️ Нашите ученици под менторство на наставникот Петар Киселинов, се закитија со два златни и еден бронзен медал, и тоа:
🥇Прво место – Марија Андреска
🥇Прво место – Павел Пуцоски
🥉Трето место – Боби Ставревски
🏆 На учениците и нивниот ментор им го честитаме успехот, и им посакуваме многу успеси и во иднина 🏆
👉На државниот натпревар по македонски јазик што се одржа на 01.06.2024 година во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, нашата ученичка Тамара Зенгоска од VIIa одделение под менторство на наставничката Елизабета Велјаноска, освои трета награда🏆🥉.
👏 На ученичката Тамара и нејзиниот ментор им го честитаме успехот, со желба за поголеми успеси во иднина👏.
👉 Во организација на Сојузот за Училишен спорт, а со поддршка на Секторот за Спорт при Општина Охрид и Градоначалникот Кирил Пецаков, на 5-ти јуни 2024 година се одржа спортската лига во Мал фудбал за основни училишта за ученици од IV и V одделение ⚽️.
Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” се реализира во ОШ „Анте Цурач Пињац“ во Жрново, остров Корчула, Република Хрватска.
5 ДЕН (16.05.2024)
🎭 Посета на локалниот театар и гледање на претставата „Вјетропирка“ која ја играа ученици 🏠 Посета на локална етничка куќа 🎯 Изработка на е-книга со приказни кои биле заборавени и учениците ги оживеале 👉 Презентација на е-книга и научени приказни. 👌 Евалуација
Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” се реализира во ОШ „Анте Цурач Пињац“ во Жрново, остров Корчула, Република Хрватска.
4 ДЕН (15.05.2024)
🚶 Пешачење до природно заштитено подрачје „Кочје“ 📜 Приказна за Кочје – разгледување со водич 👩🏫 Легендата за самовилите на Кочје – народна легенда 🤝 Дебата: „Зошто се важни старите народни приказни? ⚽️ Игри
Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” се реализира во ОШ „Анте Цурач Пињац“ во Жрново, остров Корчула, Република Хрватска.
3 ДЕН (14.05.2024)
👉 „Приказна за стариот град“ – обиколка со туристички водич преку интерактивно учење „Потрага по богатство“. 👉 Презентација за приказни во хрватската наставна програма. 👉 Наставни методи на раскажување – работилница со ученици за раскажување хрватски народни приказни во градската библиотека. 👉 Учениците презентираа приказни направени во работилницата. 👉 Ручек во локално средно училиште за готвење. 👉 Онлајн едукација: „Приказна за заедничките европски вредности“. 👉 Презентација за е-твининг (e-twinning coaching). 👉 Изработка на Е-брошура за наставни методи за раскажување приказни (втор дел).
Наши ученици учествуваа на државни натпревари и ги постигнаа следниве успеси:
На државниот натпревар по географија што се одржа во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, нашата ученичка Кристина Настоска од ПУ Косел, под менторство на наставничката Татјана Пуцоска Бунчевска, освои трета награда.
2 ДЕН (13.05.2024) ✔️ Свечено отворање на мобилноста во Корчула, официјален пречек и говор на координаторот и директорот. 🎯 Средба со учесниците, вежба за кршење мраз за сите учесници (приказни за начинот на поздравување во различни култури). 🏤 Хрватскиот тим ги претстави: „Приказна за нашето училиште“, „Приказна за нашиот остров“ и „Нашата единствена приказна“. 👉 Презентација на другите училишни партнери: „Нашата единствена приказна“ (Македонија и Словенија). ✔️ Секој училишен партнер создаде и презентираше свое катче (словенечки, хрватски и македонски катчиња) со различни материјали, храна, типични предмети, сувенири и сл., кои ја претставуваат нашата сопствена култура, историја, традиции и обичаи. 🏤 Пешачка обиколка низ училиштето. ✔️ Анализа на денот, разговор меѓу учесниците, друштвени игри, итн.
✔️ Патување со брод до островот Бадија. ✔️ Средба со учесниците, агенда, очекувања. ✔️ Мразокршач (запознавање преку интересна вежба за сите учесници). ✔️ „Приказна за островот“ – туристички водич. ✔️ Посета на манастирот и галеријата. ✔️ Креативни натпреварувачки игри во групи. ✔️ Пешачење околу и качување до ридот на островот.