Во тек е училишниот натпревар за изготвување предлог лого за Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges” или „Нашите приказни се наши мостови“.

ООУ "Ванчо Николески" Лескоец, Охрид
ОВДЕ УЧЕШЕ ТАТКО МИ – СЕГА УЧАМ ЈАС. УТРЕ ЌЕ УЧАТ МОИТЕ ДЕЦА. ОВА Е НАШ ДОМ
Во тек е училишниот натпревар за изготвување предлог лого за Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges” или „Нашите приказни се наши мостови“.

Во рамки на проектот „Our stories are our bridges“ или „Нашите приказни се наши мостови“ на 15.12.2023 година се реализира првата виртуелна (онлајн) мобилност.
На истата присуствуваа наставници и ученици од трите земји учесници во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

Зградата на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец блесна осветлена во различни бои, во знак на разбирање и целокупна поддршка што колективот и учениците ја даваат за лицата со ретки болести.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на програмата Еразмус+ 2021-2027 ја одобри апликацијата од ООУ „Ванчо Николески“ за проектот „OUR STORIES ARE OUR BRIDGES” или „Нашите приказни се наши мостови“.

Учениците од I-V одделение од подрачното училиште во Косел го одбележаа месецот на РЕТКИ БОЛЕСТИ!![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()

Како поддршка за работењето на 3Д секцијата при ООУ „Ванчо Николески“, преку здружението на граѓани од САД „Macedonia schools project“ во училиштето обезбедивме Еndurance LED ласерска машина. Истата служи за гравирање врз повеќе материјали (дрво, пластика, хартија, кожа..), како и сечење на полесни материјали (картон, шперплоча, плексиглас..).

Учениците со помош на наставникот по информатика ќе цртаат векторски форми што потоа ќе ги изгравираат или исечат на некој материјал, како: хартија, картон, дрво и пластика. Со овој тип активности ќе се потикнува креативноста кај учениците, а ќе се збогатуваат и знаењата од областа на технологијата.







Нашето училиште веќе 15 години одлично соработува со здружението „Macedonia Schools Project“. Преку различни заеднички проекти и нивни донации секоја година се подобруваат условите за реализирање современа настава во училиштето.

Во рамки на проектот „Gazebo classroom“, финансиски поддржан од американското здружение на граѓани „Macedonia Schools Project“, во ООУ „Ванчо Николески“ успешно се изгради училница во природа.


Преку изградба на оваа училница создадовме можност дел од наставата да се реализира во природа, кога целите тоа го предвидуваат, а временските услови тоа го дозволуваат. Училницата е изградена од квалитетно природно дрво, а капацитетот на истата дозволува истовремено да се реализира настава со две паралелки.










Во септември училиштето беше посетено од сегашниот и претходниот претседател на здружението „Macedonia Schools Project“ од Америка, кои изразија задоволство од досегашната соработка, а ние изразивме благодарност за нивната несебична поддршка.


Нашето училиштето ќе продолжи да соработува со здружението „Macedonia Schools Project“, кое веќе 15 години го помага училиштето донирајќи разни наставни средства и помагала, со што значително се подобрени условите за настава. Координатор на овој проект во нашето училиште е педагогот Весна Терзиоска.
Во соработка со Отсекот за превенција при СВР Охрид, во нашето училиште во Лескоец се одржа презентација за заштита од насилство, сајбер насилство и булинг.
Continue reading “Презентација за заштита од насилство”Во рамки на избориот предмет Вештини за живеење што се изучува во VII одделение, нашето училиште во соработка со ДУЦ „Ванчо Питошески”- Охрид организираше работилница за Бон тон во ресторан.
Continue reading “Работилница по предметот Вештини на живеење”На 24-ти и 25-ти Октомври во нашето училиште се реализира 8 часовна обука за медиумска писменост. Учесници на обуката беа вкупно 26 наставници, и тоа наставници од одделенска настава и наставници по македонски јазик во предметна настава од училиштата: ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец и ООУ „Живко Чинго“ – Велгошти.
