Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” се реализира во ОШ „Анте Цурач Пињац“ во Жрново, остров Корчула, Република Хрватска.
4 ДЕН (15.05.2024)
🚶 Пешачење до природно заштитено подрачје „Кочје“ 📜 Приказна за Кочје – разгледување со водич 👩🏫 Легендата за самовилите на Кочје – народна легенда 🤝 Дебата: „Зошто се важни старите народни приказни? ⚽️ Игри
Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” се реализира во ОШ „Анте Цурач Пињац“ во Жрново, остров Корчула, Република Хрватска.
3 ДЕН (14.05.2024)
👉 „Приказна за стариот град“ – обиколка со туристички водич преку интерактивно учење „Потрага по богатство“. 👉 Презентација за приказни во хрватската наставна програма. 👉 Наставни методи на раскажување – работилница со ученици за раскажување хрватски народни приказни во градската библиотека. 👉 Учениците презентираа приказни направени во работилницата. 👉 Ручек во локално средно училиште за готвење. 👉 Онлајн едукација: „Приказна за заедничките европски вредности“. 👉 Презентација за е-твининг (e-twinning coaching). 👉 Изработка на Е-брошура за наставни методи за раскажување приказни (втор дел).
Наши ученици учествуваа на државни натпревари и ги постигнаа следниве успеси:
На државниот натпревар по географија што се одржа во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, нашата ученичка Кристина Настоска од ПУ Косел, под менторство на наставничката Татјана Пуцоска Бунчевска, освои трета награда.
2 ДЕН (13.05.2024) ✔️ Свечено отворање на мобилноста во Корчула, официјален пречек и говор на координаторот и директорот. 🎯 Средба со учесниците, вежба за кршење мраз за сите учесници (приказни за начинот на поздравување во различни култури). 🏤 Хрватскиот тим ги претстави: „Приказна за нашето училиште“, „Приказна за нашиот остров“ и „Нашата единствена приказна“. 👉 Презентација на другите училишни партнери: „Нашата единствена приказна“ (Македонија и Словенија). ✔️ Секој училишен партнер создаде и презентираше свое катче (словенечки, хрватски и македонски катчиња) со различни материјали, храна, типични предмети, сувенири и сл., кои ја претставуваат нашата сопствена култура, историја, традиции и обичаи. 🏤 Пешачка обиколка низ училиштето. ✔️ Анализа на денот, разговор меѓу учесниците, друштвени игри, итн.
✔️ Патување со брод до островот Бадија. ✔️ Средба со учесниците, агенда, очекувања. ✔️ Мразокршач (запознавање преку интересна вежба за сите учесници). ✔️ „Приказна за островот“ – туристички водич. ✔️ Посета на манастирот и галеријата. ✔️ Креативни натпреварувачки игри во групи. ✔️ Пешачење околу и качување до ридот на островот.
Во периодот од 12 – 16 Мај 2024 година, група од нашето училиште во состав: педагогот Весна Терзиоска, наставничката Елисабета Настоска и учениците: Андреа Базгалоска, Ана Ставреска и Дејан Ванѓелофски од VII одд., беа дел од втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е координатор. Истата се реализираше на прекрасниот хрватски остров Корчула, а домаќин беше ОШ „Анте Цурач – Пињац“ од Жрново. Во овој проект освен нашето училиште, се вклучени училишта од Р. Хрватска (Корчула) и Р. Словенија.
Учениците од предметна настава во ООУ Ванчо Николески – Лескоец, Охрид се дел од четири е-твининг проекти под раководство на наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска.
👉 Учениците кои учествуваа на Еразмус+ образовната мобилност во Словенија (Тамара Зенгоска VIIa, Иво Коталески VIIIa и Ева Ѓузелоска VIIa) направија дисеминација на своите впечатоци, искуства и знаења пред нивните соученици.
👉 Ученичката Тамара Зенгоска од VIIа одделение, под менторство на наставничката Елизабета Велјаноска, учествуваше на регионален натпревар по македонски јазик, каде освои 83 бода и обезбеди пласман за државен натпревар.
👏 Им го честитаме успехот на ученичката и менторот, и им посакуваме успех на државниот натпревар по македонски јазик.
Ученичката Евгенија Стојановска од VII одделение, под менторство на наставничката Татјана Паскали, освои второ место на регионалниот натпревар по англиски јазик и се пласира за државен натпревар.
Им го честитаме успехот на ученичката и менторот, и им посакуваме успех на државниот натпревар по англиски јазик.