УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ТРЕТАТА ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ОД ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „НАШИТЕ ПРИКАЗНИ СЕ НАШИ МОСТОВИ“

Во периодот од 18 – 23 Септември 2024 во Охрид се реализира третата и последна образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е главен координатор.

👉 Домаќин на мобилноста беше ООУ “Ванчо Николески” од Лескоец, а на истата освен наставници и ученици од ова училиште, имаше наставници и ученици од ОШ „Анте Цурач – Пињац“ од Жрново Р. Хрватска (остров Корчула) и од ОШ “Брезовица при Љубљани” од Р. Словенија.

Continue reading “УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ТРЕТАТА ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ОД ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „НАШИТЕ ПРИКАЗНИ СЕ НАШИ МОСТОВИ“”

Засадени дрвца од првачињата

Првачињата од ООУ „Ванчо Николески“ вчера ги засадија нивните генерациски дрвциња во училишните дворови во Лескоец и Косел. Дрвцата „Маза“ и „Бела“ ќе бидат обележје на нивната генерација, а првачињата ќе се грижат секојдневно за нив, за да растат заедно.

Continue reading “Засадени дрвца од првачињата”

ПРВИОТ УЧИЛИШТЕН ДЕН

Со свечена приредба подготвена од учениците и наставниците од V одделение, како и со поздравен говор од директорот на училиштето Сашо Климоски, беа дочекани првачињата во централното училиште ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец. 

ООУ „Ванчо Николески“ наставната година ја започнува подготвено и спремно со подобрени услови и мотивација за успешна учебна година.

Пригодна програма за првиот училиштен ден и новите првачиња беше организирана и во подрачните училишта во Косел и Куратица. 

На сите ученици, наставници и родители им посакуваме многу здравје, среќа и успешно справување со сите предизвици што ги носи едукативниот процес.

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН

Ги известуваме учениците, родителите и наставниците дека учебната 2024/25 година ќе започне на 2-ри Септември (понеделник), и тоа:

  • Во централното училиште Лескоец ќе се одвива според следниов распоред:
  • Во 08:30 часот одделенски час за учениците од II до V одделение
  • Во 09:00 часот свечен прием на првачињата во училиштето во училишниот хол
  • Во 10:00 часот одделенски час за учениците од предметна настава VI и IX
  • Во ПУ Косел и ПУ Куратица првиот училишен (одделенскиот) час ќе биде во 09:00 часот за сите ученици.

ВАЖНО: Потребно е родителите од првачињата кога ќе дојдат на училиште на 1 Септември да имаат број од трансакциска сметка од еден од нив и матичен број (од еден родител), заради еднократната финансиска поддршка од општина Охрид која е предвидена за секое прваче.

На првиот одделенски час учениците од страна на своите одделенски раководители ќе бидат запознаени со распоредот на часови и со потребните информации за успешен старт на новата учебна година.

Посакуваме успешен старт на новата учебна година на сите!                                                                                                    

Испратена уште една успешна генерација ученици од ООУ „Ванчо Николески“

Уште една генерација деветтоодделенци успешно го завршија основното образование во нашето училиште.

Им беа врачени свидетелствата за завршено основно образование, а за првенец на генерација 2023/24 е прогласена ученичката Теодора Тодороска.

Се надеваме дека моментите поминати во училишните клупи, знаењата и вештините стекнати низ училишните денови, пријателствата градени низ годините, вредностите секојдневно негувани – ќе им бидат добар почеток за полесно и успешно справување со предизвиците што ги сервира животот.

Им посакуваме здравје, среќа и успех во понатамошното школување на нашите ученици, и во животот воопшто!

Трета награда за две ученички на државниот натпревар по Природни науки

👉 На државниот натпревар по Природни науки што се одржа на Природно – математичкиот факултет во Скопје на 15.06.2024 година, ученичките Анита Илијовска и Ана Деловска од V одделение под менторство на наставничката Габриела Ѓоргиевска, освоија lll награда🥉🥉

👌 Им го честитаме успехот на ученичките и менторот, со желба за уште успеси во иднина 👏🍀👏🍀👏🍀

Трета виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во рамките на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ на 19.06.2024 година се реализира третата виртуелна (онлајн) активност. На истата учествуваа наставници и ученици од трите земји учеснички во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

Continue reading “Трета виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”

Дисеминација од образовната мобилност на островот Корчула (Хрватска)

 Учениците кои учествуваа на Еразмус+ образовната мобилност на островот Корчула во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ (Андреа Базгалоска, Ана Ставреска и Дејан Ванѓелофски од седмо одделение), направија дисеминација на своите впечатоци, искуства и знаења пред нивните соученици.

Секој од нив беше импресиониран од убавините на островот, но и од активностите што таму заедно ги реализиравме во рамки на проектот. Сите ученици истакнаа дека ова Еразмус+ патување беше голема можност за размена на искуства, учење нови работи, стекнување нови пријателства и споделување различни приказни и културни вредности со другите учесници во проектот.

Трета награда на државен натпревар по Биологија

🥉На државниот натпревар по Биологија што се одржа на 08.06.2024 година на Природно – математичкиот факултет во Скопје, нашата ученичка Јована Крстаноска од IXa одделение освои III награда. 🥉👌👏

👏 Честитки за Јована и за нејзиниот ментор Елена Ел Нади за постигнатиот успех 👏

Нека ги следат уште поголеми успеси во животот!

Успеси на наши ученици на општинско првенство во атлетика

👉 Во организација на Сојузот за Училишен спорт, а со поддршка на Секторот за спорт при општина Охрид и Градоначалникот Кирил Пецаков, на 6-ти јуни 2024 година се одржа Општинско првенство по Атлетика за основни училишта за IV и V одделение.

🏃‍♀️🏃🏃‍♂️ Нашите ученици под менторство на наставникот Петар Киселинов, се закитија со два златни и еден бронзен медал, и тоа:

🥇Прво место – Марија Андреска

🥇Прво место – Павел Пуцоски

🥉Трето место – Боби Ставревски

🏆 На учениците и нивниот ментор им го честитаме успехот, и им посакуваме многу успеси и во иднина 🏆