Училишната зграда во Лескоец ќе добие потполно ново руво!

ООУ „Ванчо Николески“ ќе добие потполно нов изглед!

Започнаа градежните работи за целосна реконструкција на фасадата на училишната зграда во Лескоец. Проектот е во реализација на општина Охрид, а ги опфаќа следниве активности:

👉Целосна реконструкција на фасадата (Термо – изолациона фасада по сите стандарди)!
👉Монтажа на нови гранитни окапници на целото училиште!
👉Комплетна промена на олуци на цело училиште!
👉Поставување снегобрани на целото училиште!
👉Промена на дел од старата дограма (постоечки метални со ПВЦ)!

НЕ ЗАСТАНУВАМЕ!

Наша определба е создавање потопол и поубав дом за нашите ученици!

Успешно завршена првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во периодот од 18 – 22 Март 2024 година, група од нашето училиште во состав: педагогот Весна Терзиоска, наставничката Александра Петревски и учениците: Тамара Зенгоска VII одд., Ева Ѓузелоска VII одд. и Иво Коталески VIII одд., беа дел од првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е координатор. Истата се реализираше во Љубљана, Р. Словенија, а домаќин ни беше ОШ “Брезовица при Љубљани”. Во овој проект освен нашето училиште, се вклучени училишта од Р. Хрватска (Корчула) и Р. Словенија.

Continue reading “Успешно завршена првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”

Еколошката секција со еколошка акција по повод Денот на екологијата

Учениците и наставниците од еколошката секција и оваа година Денот на екологијата, 21 Март, традиционално го одбележаа со низа активности, под мотото „Мисли глобално, делувај локално“. 🍀💐🌹🥀🌸🌿🪴🎍🌷🪷🌺

Continue reading “Еколошката секција со еколошка акција по повод Денот на екологијата”

Избрано логото за Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges“

🥇 На натпреварот за избор на најдобро лого што ќе го претставува Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges”/„Нашите приказни се наши мостови“, победи логото „Срце“, креирано од ученичката Karmen Skokandić од основното училиште „„Ante Curać – Pinjac“, од Република Хрватска.

👉 На овој натпревар во најтесен избор влегоа девет креативни лога, изработени од ученици сите земји учесници во проектот (Хрватска, Словенија и Македонија), а за истите гласаа наставници и ученици од сите три земји. Логото „Срце“ освои најмногу поени, дури 215.

👉 Ова лого ќе биде видливо на сите активности што ќе се реализираат во рамките на овој Еразмус+ проект.

Отворена новоизградена инклузивна училница во ООУ „Ванчо Николески“

На 29.02.2024 година на Денот на ретките, во свечен амбиент во функција беше пуштена новоизградената инклузивна училница во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Continue reading “Отворена новоизградена инклузивна училница во ООУ „Ванчо Николески“”

Одбележан 29-ти Февруари, Денот на ретките

Ученичкиот парламент од ООУ „Ванчо Николески“ го одбележа Денот на ретките, 29-ти Февруари, со едукативни работилници во сите паралелки во предметна настава, со цел запознавање на болестите, симптомите, како и можна медицинска и општествена поддршка за истите.

Continue reading “Одбележан 29-ти Февруари, Денот на ретките”

Постигнати резултати на општински натпревари по Природни науки и Математика

🏆 На општинските натпревари по Природни науки и математика, учениците од ООУ „Ванчо Николески“ постигнаа одлични резултати

Continue reading “Постигнати резултати на општински натпревари по Природни науки и Математика”

Интернационален натпревар за избор на лого на Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges“

🏆 Во тек е интернационалниот натпревар за избор на лого за Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“ (“Our stories are our bridges”).

👉 Во најтесен избор се натпреваруваат 9 предлог лога од ученици од Македонија, Хрватска и Словенија, а гласаат наставници и ученици од истите замји.

🥇 Логото што ќе победи на тој натпревар ќе биде официјално лого за проектот „Our stories are our bridges“.

Резултати од училишниот натпревар за избор на лого за Еразмус+ проектот “Our stories are our bridges”

Заврши училишниот натпревар за избор на лого за Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“ (“Our stories are our bridges”). Имаше голем интерес од страна на учениците и многу креативни предлози.

Ова се резултатите од натпреварот за избор на најдобро предлог лого во нашето училиште:

🥇1 место за логото „Куќа“ од ученикот Марин Митрески VIIIа

🥈2 место за предлог логото „Срце“ од Димитар Аслимоски од VIб.

🥉🥉3 место за логото „Балони“од ученичките Анастасија Котоска и Јана Петрушевска од VIIIб и за логото „Земја“ од ученичката Елена Чулческа VIIIб.

🏆 Следува интернационалниот натпревар, кога три од овие наши лога ќе се напреваруваат со шест други лога од учениците од партнерските училишта од Хрватска и Словенија. Логото што ќе победи на тој натпревар ќе биде официјално лого за проектот „Нашите приказни се наши мостови“.

Соработката со „Зелен центар“ продолжува!

Ученици од VII одделение од Лескоец и VIII одделение од ПУ Косел со своите наставнички по биологија, природни науки и географија присуствуваа на едукативна работилница на тема „Културно наследство”.

Continue reading “Соработката со „Зелен центар“ продолжува!”