Успешно завршена втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во периодот од 12 – 16 Мај 2024 година, група од нашето училиште во состав: педагогот Весна Терзиоска, наставничката Елисабета Настоска и учениците: Андреа Базгалоска, Ана Ставреска и Дејан Ванѓелофски од VII одд., беа дел од втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е координатор. Истата се реализираше на прекрасниот хрватски остров Корчула, а домаќин беше ОШ „Анте Цурач – Пињац“ од Жрново. Во овој проект освен нашето училиште, се вклучени училишта од Р. Хрватска (Корчула) и Р. Словенија.

Continue reading “Успешно завршена втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“” →

ИЗВЕШТАЈ ЗА Е-ТВИНИНГ проекти

Учениците од предметна настава во ООУ Ванчо Николески – Лескоец, Охрид се дел од четири е-твининг проекти под раководство на наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска.

Continue reading “ИЗВЕШТАЈ ЗА Е-ТВИНИНГ проекти” →

Дисеминација од образовната мобилност во Словенија

👉 Учениците кои учествуваа на Еразмус+ образовната мобилност во Словенија (Тамара Зенгоска VIIa, Иво Коталески VIIIa и Ева Ѓузелоска VIIa) направија дисеминација на своите впечатоци, искуства и знаења пред нивните соученици.

Continue reading “Дисеминација од образовната мобилност во Словенија” →

ПЛАСМАН НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

👉 Ученичката Тамара Зенгоска од VIIа одделение, под менторство на наставничката Елизабета Велјаноска, учествуваше на регионален натпревар по македонски јазик, каде освои 83 бода и обезбеди пласман за државен натпревар.

👏 Им го честитаме успехот на ученичката и менторот, и им посакуваме успех на државниот натпревар по македонски јазик.

ПЛАСМАН НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

👉 Ученичката Евгенија Стојановска од VII одделение, под менторство на наставничката Татјана Паскали, освои второ место на регионалниот натпревар по англиски јазик и се пласира за државен натпревар.

👏 Им го честитаме успехот на ученичката и менторот, и им посакуваме успех на државниот натпревар по англиски јазик.

Учество на 50-тиот напревар по Прва помош

Денес се одржа 50-тиот општински натпревар по прва помош, во организација на Црвен крст Охрид.

👉 Нашето училиште учествуваше со екипа составена од ученици од VII одделение, и тоа: Ева Ѓузелоска, Филип Бадалоски, Калина Ѓузелоска, Анастасија Трифуноска, Јана Аслимоска, Стефани Чулческа и Андреј Стеваноски, под менторство на наставничката Елена Ел Нади.

Continue reading “Учество на 50-тиот напревар по Прва помош” →

Одлични резултати на регионалниот натпревар по Природни науки

На регионалниот натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ за IV, V и VI одделение што се одржа на 05.04.2024 година, учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:

Continue reading “Одлични резултати на регионалниот натпревар по Природни науки” →

Втора виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во рамките на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ на 08.04.2024 година се реализира втората виртуелна (онлајн) активност. На истата учествуваа наставници и ученици од трите земји учеснички во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

Continue reading “Втора виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“” →

СПОРТСКА САЛА ВО ООУ “Ванчо Николески”

Во ООУ “Ванчо Николески” во Лескоец започнаа активности за изградба на голем капитален и значаен проект за учениците од училиштето и жителите од Лескоец, а тоа е СПОРТСКА САЛА.

Continue reading “СПОРТСКА САЛА ВО ООУ “Ванчо Николески”” →

Обезбеден пласман за државен натпревар по биологија

На регионалниот натпревар по биологија што се одржа на 29.03 2024 година, нашите ученици постигнаа забележителни резултати.

👉 Елеонора Смическа од VIII одд. (ментор Елена Ел Нади) освои III награда.

👉 Анастасија Димитриоска од VIII одд. ПУ Косел (ментор Љубица Ангова) – освои III награда.

👉Јована Крстаноска од IX одд. (ментор Елена Ел Нади) – освои II награда и обезбеди учество на државен натпревар.

👏🏆👏 На сите ученици и нивните ментори им го честитаме успехот, а на Јована Крстаноска и нејзиниот ментор Елена Ел Нади им посакуваме многу успех на државниот натпревар.