Успех на општинскиот натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија што се одржа онлајн на 13.02.2026, сите ученици учесници од нашето училиште “Ванчо Николески” поминаа на регионален👏.

Тие го постигнаа следниов успех:

👉 Биологија VII одд.

– Анита Илијовска-III награда

👉 Биологија VIII одд.

– Андреа Сотироска-II награда

👉 Биологија IX одд.

– Тамара Зенгоска-II награда

– Евгенија Стојаноска-II награда

🏆 Им честитаме на сите ученици и на менторот наставничката Габриела Ѓоргиевска, за покажаниот труд, знаење и посветеност 👏.

Малите чекори носат големи промени

На 28 јануари 2026 година во ООУ „Ванчо Николески“ се реализира одлична работилница со нашите ученици за важноста на физичкото и менталното здравје, реализирана од претставници на Здружението на лица со дијабет од Охрид. Нашето училиште соработува со ова здружение и е дел од програмата на Здружението на лица со дијабет од Охрид со училиштата, со цел превенција на учениците од дијабет и формирање здрави животни навики.

Continue reading “Малите чекори носат големи промени”

Интерна обука за “Општествено – хуманитарна работа”

За време на зимскиот распуст од учениците, на 16.01.2026 година, во просториите на ООУ Ванчо Николески се реализира интерна обука со наставници на тема „Општествено – хуманитарна работа“.

Continue reading “Интерна обука за “Општествено – хуманитарна работа””

Посета од професори и доктори на науки од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје

На 11.11.2025 десетчлена делегација од професори и доктори на науки од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за целите на проектот „Мапирање на потенцијални геохазарди со посебен акцент на сеизмолошки податоци”, го посетија нашето училиште и одржаа едукативни предавања и интерактивни работилници за заштита од земјотрес со учениците од предметна настава.

Continue reading “Посета од професори и доктори на науки од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје”

Посета на Планиска спасителна служба при Црвен крст Охрид

Во рамки на Детската недела под мотото „Детето денес – иднината утре!“, учениците од V одделение од Лескоец денес ја посетија Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

Continue reading “Посета на Планиска спасителна служба при Црвен крст Охрид”

Учениците од ПУ во Косел со велосипедска тура по повод Европската недела на мобилност

И подрачното училиште во Косел како член на „Вело училиште” се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност (одржлива) од 16 до 22 септември.

Одговорниот наставник по ФЗО заедно со учениците реализираа разни велосипедски активности, како промоција на велосипедот и неговата важност за здравјето и за здравата околина.

Првачињата во Лескоец и Косел посадија генерациско дрво

Во соработка со Енхелус Лихнидос и ЈП Комуналец и оваа година првачињата учеа за важноста на грижата за животната средина и садеа дрвца за кои ветија дека ќе се грижат во текот на нивното школување.

Во Лескоец ги посадија Џоко и Елена околу кои ќе се сликаат за нивната полуматура.

Најубавото генерациско дрво коешто беше посадено лани од првоодделенци се вика Бела и се наоѓа во подрачното училиште во Косел. Бела била чувана како вистинско богатство, затоа и пораснала убава и раскошна 🌳 А скоро целото училиште во Косел учествуваа во садењето на Борче и Изи.

Ги поттикнуваме учениците да уживаат во грижата за животната средина.