







ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Министерството за наука и образование објави јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.Се работи за парична помош за која треба да достават документи, ПРИЈАВА за стекнување со право за финансиска поддршка и ИЗЈАВА за давање согласност таткото, односно мајката да биде подносител на пријавата и за согласност за користење лични податоци. ПРИЈАВАТА и ИЗЈАВАТА родителите може да ги подигнат во стручната служба на училиштето (или да ги испринтаат од веб страната на МОН од линкот што е даден подолу во ова известување), каде ќе им бидат дадени насоки кои документи треба да ги достават заедно со пополнетите пријави и изјави.За да се стекнат со тоа право, освен пријавата и изјавата, родителите ќе треба да достават и:- Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на барањето- Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели- Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и чек од пензија- Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда- Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен чек од пензија- Доколку е дете на невработен родител доказ – потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместокотНајважно е сега родителите кои знаат дека ги исполнуваат горенаведенте услови за финансиска поддршка на нивните деца, денес (19.12.2023) да дојдат во прва смена во училиштето кај стручната служба или утре (среда 20.12.2023) во било која смена додека е отворено училиштето за да ги подигнат потребните документи и да им се дадат насоки што треба да направат, бидејќи рокот за пријавување е многу краток.Рокот на пријавување на целокупната документација од страна на родителите во училиштето е најдоцна до 24 декември – ЗАДОЛЖИТЕЛНО.Повеќе информации за овој повик може да се најдат на линкот:
https://mon.gov.mk/content/?id=8430 , каде се наоѓаат и пријавата и изјавата за поднесување барање.







