Уште една успешна генерација полуматурани

Уште една генерација успешно го заврши основното образование во ООУ „Ванчо Николески“. Со почитување на мерките за заштита од Ковид 19 на свечен начин им беа доделени завршните свидетелства на деветтооделенците, а за тие со континуиран одличен успех и поведение беа обезбедени книги како подарок и пофалници. За првенец на генерација беше избрана ученичката Искра Парулеска, на која и’ беше доделена Диплома за континуиран одличен успех и примерно поведение во текот на целото школување, успешно учество на многу натпревари и афирмација на училиштето. Исто така со Пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение во текот на целото школување, како и афирмација на училиштето се стекнаа 8 ученици од IX одделение, и тоа: Софија Николоска, Софија Парулеска, Ивана Базгалоска, Ангела Ѓуклеска, Филип Камнароски, Елена Јанеска, Стефанија Баракоска и Марио Пуцоски. Оваа генерацијата ја водеа одделенските раководители: Габриела Ѓоргиевска, Миле Аврамоски, Љубица Тодороска и Валентина Караѓуле. На сите ученици од IX одделение им ја честитаме полуматурата, успешно завршеното основно образование, со желба за многу успех во понатамошното образование и во животот воопшто. На наставниците им посакуваме уште многу вака успешни генерации!       

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s