Завршена првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Словенија

🏫 OŠ “Brezovica pri Ljubljani” 🏫

ДЕН 5 (22.03.2024)

Последниот ден од образовната мобилност ни започна со посета на културниот центар “Цанкариев дом” во Љубљана, следење на претставата за добриот крал Matjaž. Учесниците имаа можност да бидат сведоци на прекрасна изведба на професионалната раскажувачка и писателка за деца Anja Štefan и да уживаат во раскажувањето и музичкото уживање кое ја оживува традицијата и промовира позитивни животни вредности.

👉 Потоа имавме организирана прошетка низ центарот на Љубљана.

👉 Игра “Продолжи ја мојата приказна”.

👉 Презентација на Е – книгата изработена од учениците

👉 Следуваше евалуација на образовната мобилност. Сите учесници во проектот го изразија своето задоволство од организацијата и активностите развиени во насока на остварување на целта на проектот.

👉 На крајот ја затворивме мобилноста со говор од директорот, свеченост и доделување сертификати.

Со нетрпение ја очекуваме следната образовна мобилност во Мај, кога домаќин ќе биде OŠ “Ante Curać – Pinjac” во Корчула, Р. Хрватска.

Напишете коментар