Учениците од предметна настава во ООУ Ванчо Николески – Лескоец, Охрид се дел од четири е-твининг проекти под раководство на наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска.
Заедничко на сите проекти е учениците да учат на креативен и релаксиран начин и низ интересни и стимулативни активности поврзани на дадената тема да поминуваат интересни фази и цели од проектот. Сите ученици самостојно креираат дигитални содржини и успешно презентираат пред другите партнери во проектот. Проектите ги развиваат моторните и интелектуалните способности, креативноста и трпеливоста, ја поттикнуваат имагинацијата, развиваат чувство за естетика и логично размислување.

1 проект – Teaching English Through Songs – во кој се вклучени ученици од 6 одделение, кои на забавен начин преку песна учат англиски јазик. Целта на проектот е да се зголеми нивната мотивација за учење странски јазици – да учат и користат вокабулар преку разни активности, најмногу преку песни.
Покарај нашето училиште, партнери се училишта од Турција, Шпанија, Португалија, и Литванија.

2 проект – Cultural and geographical differences and similarities of languages – во кои се вклучени ученици од VIIIa, VIIIб и IXa, IXб.
Партнери ни се четири училишта од различни краеви на Турција и нашето училиште. Целта на овој проект е учениците да се запознаат со културни разлики меѓу двете држави, да истражуваат и дефинираат разлики и сличности на јазиците во однос на јазикот.. Иако учениците зборуваат два различни јазици, најдобро ќе се разберат со универзалниот – англиски јазик. Логото на овој проект е изработено од нашите ученички од 8 одд – Анастасија Котоска и Јана Петрушевска.

3 проект – OUR STORIES ARE OUR BRIDGES во кој проект се вклучени ученици од 7 и 8 одд.
Целта на овој проект е преку раскажување приказни од генерација на генерација, децата да научат повеќе за вредноста за сопствената историја и традиција и спецификите на нивната култура.
Партнери во проектот ни се Хрватска и Словенија.

4 проект – TRAVEL MANIA (интегриран проект со наставничката по географија Татјана Бунческа Пуцоска) и се работи со ученици од 9а и 9б.
Целта е учениците преку виртуелни патувања во различни држави да учиме за различни култури, места и учиме и за себе.
Партнер во проектот ни е Србија.
Победник на лого натпреварот за овој проект е нашата ученичка од 8 одд – Анастасија Котоска.