Постигнати успеси на државни натпревари

Наши ученици учествуваа на државни натпревари и ги постигнаа следниве успеси:

👉 На државниот натпревар по географија што се одржа во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, нашата ученичка Кристина Настоска од ПУ Косел, под менторство на наставничката Татјана Пуцоска Бунчевска, освои трета награда.

Continue reading “Постигнати успеси на државни натпревари” →

Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Хрватска, остров Корчула

🏤 OŠ “Ante Curać – Pinjac” Žrnovo 🏤

2 ДЕН (13.05.2024)
✔️ Свечено отворање на мобилноста во Корчула, официјален пречек и говор на координаторот и директорот.
🎯 Средба со учесниците, вежба за кршење мраз за сите учесници (приказни за начинот на поздравување во различни култури).
🏤 Хрватскиот тим ги претстави: „Приказна за нашето училиште“, „Приказна за нашиот остров“ и „Нашата единствена приказна“.
👉 Презентација на другите училишни партнери: „Нашата единствена приказна“ (Македонија и Словенија).
✔️ Секој училишен партнер создаде и презентираше свое катче (словенечки, хрватски и македонски катчиња) со различни материјали, храна, типични предмети, сувенири и сл., кои ја претставуваат нашата сопствена култура, историја, традиции и обичаи.
🏤 Пешачка обиколка низ училиштето.
✔️ Анализа на денот, разговор меѓу учесниците, друштвени игри, итн.

Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Хрватска, остров Корчула

🏫 OŠ “Ante Curać – Pinjac”, Žrnovo 🏫

ДЕН 1 (12.05.2024)

✔️ Патување со брод до островот Бадија.
✔️ Средба со учесниците, агенда, очекувања.
✔️ Мразокршач (запознавање преку интересна
вежба за сите учесници).
✔️ „Приказна за островот“ – туристички водич.
✔️ Посета на манастирот и галеријата.
✔️ Креативни натпреварувачки игри во групи.
✔️ Пешачење околу и качување до ридот на островот.