Успешно завршена втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во периодот од 12 – 16 Мај 2024 година, група од нашето училиште во состав: педагогот Весна Терзиоска, наставничката Елисабета Настоска и учениците: Андреа Базгалоска, Ана Ставреска и Дејан Ванѓелофски од VII одд., беа дел од втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е координатор. Истата се реализираше на прекрасниот хрватски остров Корчула, а домаќин беше ОШ „Анте Цурач – Пињац“ од Жрново. Во овој проект освен нашето училиште, се вклучени училишта од Р. Хрватска (Корчула) и Р. Словенија.

Continue reading “Успешно завршена втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”