Наши ученици учествуваа на државни натпревари и ги постигнаа следниве успеси:
На државниот натпревар по географија што се одржа во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, нашата ученичка Кристина Настоска од ПУ Косел, под менторство на наставничката Татјана Пуцоска Бунчевска, освои трета награда.
2 ДЕН (13.05.2024) ✔️ Свечено отворање на мобилноста во Корчула, официјален пречек и говор на координаторот и директорот. 🎯 Средба со учесниците, вежба за кршење мраз за сите учесници (приказни за начинот на поздравување во различни култури). 🏤 Хрватскиот тим ги претстави: „Приказна за нашето училиште“, „Приказна за нашиот остров“ и „Нашата единствена приказна“. 👉 Презентација на другите училишни партнери: „Нашата единствена приказна“ (Македонија и Словенија). ✔️ Секој училишен партнер создаде и презентираше свое катче (словенечки, хрватски и македонски катчиња) со различни материјали, храна, типични предмети, сувенири и сл., кои ја претставуваат нашата сопствена култура, историја, традиции и обичаи. 🏤 Пешачка обиколка низ училиштето. ✔️ Анализа на денот, разговор меѓу учесниците, друштвени игри, итн.
✔️ Патување со брод до островот Бадија. ✔️ Средба со учесниците, агенда, очекувања. ✔️ Мразокршач (запознавање преку интересна вежба за сите учесници). ✔️ „Приказна за островот“ – туристички водич. ✔️ Посета на манастирот и галеријата. ✔️ Креативни натпреварувачки игри во групи. ✔️ Пешачење околу и качување до ридот на островот.