Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Хрватска, остров Корчула

🏤 OŠ “Ante Curać – Pinjac” Žrnovo 🏤

2 ДЕН (13.05.2024)
✔️ Свечено отворање на мобилноста во Корчула, официјален пречек и говор на координаторот и директорот.
🎯 Средба со учесниците, вежба за кршење мраз за сите учесници (приказни за начинот на поздравување во различни култури).
🏤 Хрватскиот тим ги претстави: „Приказна за нашето училиште“, „Приказна за нашиот остров“ и „Нашата единствена приказна“.
👉 Презентација на другите училишни партнери: „Нашата единствена приказна“ (Македонија и Словенија).
✔️ Секој училишен партнер создаде и презентираше свое катче (словенечки, хрватски и македонски катчиња) со различни материјали, храна, типични предмети, сувенири и сл., кои ја претставуваат нашата сопствена култура, историја, традиции и обичаи.
🏤 Пешачка обиколка низ училиштето.
✔️ Анализа на денот, разговор меѓу учесниците, друштвени игри, итн.

Напишете коментар