Постигнати успеси на државни натпревари

Наши ученици учествуваа на државни натпревари и ги постигнаа следниве успеси:

👉 На државниот натпревар по географија што се одржа во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, нашата ученичка Кристина Настоска од ПУ Косел, под менторство на наставничката Татјана Пуцоска Бунчевска, освои трета награда.

👉 На државниот натпревар по англиски јазик, ученичката Евгенија Стојановска од VII одделение под менторство на наставничката Татјана Паскали, освои трета награда.

👉 На државно првенство во атлетика – дисциплина скок во височина, ученикот Давор Сотироски од IX одделение под менторство на наставничката Наталија Јованова, освои прво место.

На учениците и нивните ментори им го честитаме успехот 🏆

Напишете коментар