Втората образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” се реализира во ОШ „Анте Цурач Пињац“ во Жрново, остров Корчула, Република Хрватска.
3 ДЕН (14.05.2024)
👉 „Приказна за стариот град“ – обиколка со туристички водич преку интерактивно учење „Потрага по богатство“.
👉 Презентација за приказни во хрватската наставна програма.
👉 Наставни методи на раскажување – работилница со ученици за раскажување хрватски народни приказни во градската библиотека.
👉 Учениците презентираа приказни направени во работилницата.
👉 Ручек во локално средно училиште за готвење.
👉 Онлајн едукација: „Приказна за заедничките европски вредности“.
👉 Презентација за е-твининг (e-twinning coaching).
👉 Изработка на Е-брошура за наставни методи за раскажување приказни (втор дел).














































