Успеси на наши ученици на општинско првенство во атлетика

👉 Во организација на Сојузот за Училишен спорт, а со поддршка на Секторот за спорт при општина Охрид и Градоначалникот Кирил Пецаков, на 6-ти јуни 2024 година се одржа Општинско првенство по Атлетика за основни училишта за IV и V одделение.

🏃‍♀️🏃🏃‍♂️ Нашите ученици под менторство на наставникот Петар Киселинов, се закитија со два златни и еден бронзен медал, и тоа:

🥇Прво место – Марија Андреска

🥇Прво место – Павел Пуцоски

🥉Трето место – Боби Ставревски

🏆 На учениците и нивниот ментор им го честитаме успехот, и им посакуваме многу успеси и во иднина 🏆

Трета награда на државен натпревар по македонски јазик

👉На државниот натпревар по македонски јазик што се одржа на 01.06.2024 година во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, нашата ученичка Тамара Зенгоска од VIIa одделение под менторство на наставничката Елизабета Велјаноска, освои трета награда🏆🥉.

👏 На ученичката Тамара и нејзиниот ментор им го честитаме успехот, со желба за поголеми успеси во иднина👏.

Трето место во мал фудбал

👉 Во организација на Сојузот за Училишен спорт, а со поддршка на Секторот за Спорт при Општина Охрид и Градоначалникот Кирил Пецаков, на 5-ти јуни 2024 година се одржа спортската лига во Мал фудбал за основни училишта за ученици од IV и V одделение ⚽️.

Continue reading “Трето место во мал фудбал”