Испратена уште една успешна генерација ученици од ООУ „Ванчо Николески“

Уште една генерација деветтоодделенци успешно го завршија основното образование во нашето училиште.

Им беа врачени свидетелствата за завршено основно образование, а за првенец на генерација 2023/24 е прогласена ученичката Теодора Тодороска.

Се надеваме дека моментите поминати во училишните клупи, знаењата и вештините стекнати низ училишните денови, пријателствата градени низ годините, вредностите секојдневно негувани – ќе им бидат добар почеток за полесно и успешно справување со предизвиците што ги сервира животот.

Им посакуваме здравје, среќа и успех во понатамошното школување на нашите ученици, и во животот воопшто!

Трета награда за две ученички на државниот натпревар по Природни науки

👉 На државниот натпревар по Природни науки што се одржа на Природно – математичкиот факултет во Скопје на 15.06.2024 година, ученичките Анита Илијовска и Ана Деловска од V одделение под менторство на наставничката Габриела Ѓоргиевска, освоија lll награда🥉🥉

👌 Им го честитаме успехот на ученичките и менторот, со желба за уште успеси во иднина 👏🍀👏🍀👏🍀

Трета виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во рамките на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ на 19.06.2024 година се реализира третата виртуелна (онлајн) активност. На истата учествуваа наставници и ученици од трите земји учеснички во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

Continue reading “Трета виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”

Дисеминација од образовната мобилност на островот Корчула (Хрватска)

 Учениците кои учествуваа на Еразмус+ образовната мобилност на островот Корчула во рамки на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ (Андреа Базгалоска, Ана Ставреска и Дејан Ванѓелофски од седмо одделение), направија дисеминација на своите впечатоци, искуства и знаења пред нивните соученици.

Секој од нив беше импресиониран од убавините на островот, но и од активностите што таму заедно ги реализиравме во рамки на проектот. Сите ученици истакнаа дека ова Еразмус+ патување беше голема можност за размена на искуства, учење нови работи, стекнување нови пријателства и споделување различни приказни и културни вредности со другите учесници во проектот.