Трета виртуелна активност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во рамките на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ на 19.06.2024 година се реализира третата виртуелна (онлајн) активност. На истата учествуваа наставници и ученици од трите земји учеснички во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

✔ Општа проценка на мобилноста во Хрватска (остров Корчула)

✔ Евалуација од учениците учесници на образовната мобилност на Корчула.

✔ Разгледување на резултатите од ученичкиот Претест направен во февруари 2024 година, а се однесуваат на Корчула и Хрватска.

✔ Евалуација од наставниците за образовната мобилност на Корчула.

✔ Дискусија за исходите, продуктите, извештаите, дисеминацијата и промоцијата на проектните активности.

✔ Планирање на втората LTTA образовна мобилност во Охрид, Македонија (17-24 септември, 2024 година).

✔ Дискусија за тековни чувства, размислувања и придонеси за процесите на проектот.

✔ Планирање на следни чекори и активности.

 

Напишете коментар