Учениците од нашето училиште се вклучија во одбележување на 1 Април – Денот на шегата.



Спортски игри, смеа, изработка на маски, погодување гатанки, избор на најубава маска беа само дел од активностите во кои учениците уживаа
.
ООУ "Ванчо Николески" Лескоец, Охрид
ОВДЕ УЧЕШЕ ТАТКО МИ – СЕГА УЧАМ ЈАС. УТРЕ ЌЕ УЧАТ МОИТЕ ДЕЦА. ОВА Е НАШ ДОМ
Учениците од нашето училиште се вклучија во одбележување на 1 Април – Денот на шегата.



Спортски игри, смеа, изработка на маски, погодување гатанки, избор на најубава маска беа само дел од активностите во кои учениците уживаа
.
Со учениците од прво, второ и трето одделение од Лескоец, како и со сите ученици од одделенска настава во ПУ Косел и ПУ Куратица се реализираше прекрасна и интерактивна едукативна работилница посветена на заштита на животната средина, одржана од волонтер од Црвен крст.



По повод Денот на пролетта, учениците од училиштата во Лескоец, Косел и Куратица реализираа активности за чистење на околината.
Да ја чуваме природата – денес, утре и секогаш!
Ученици и наставник од нашето училиште учествуваа во садење на 850 садници и креирање на Сончева гора над гимназијата во Ресен. Пошумувањето беше овозможено од Man and Mountain во соработка со општина Ресен, локалниот тим на Македонски шуми и Костал.
Засега, најнепосредниот начин да придонесеме кон намалување на загадувањето на воздухот и борбата со климатските промени е садењето на дрвја, а растењето на генерации кои ја сакаат природата и разбираат врската помеѓу нејзиното одржување и нашето здравје е круцијално за секаков тип на напредок.
Благодарност до нашите многу вредни ученици и наставничката во пензија Елена Ел Нади за поддршката ![]()
![]()





На 28.03.2026 нашето училиште беше домаќин на регионален натпревар по географија, во кој учествуваа 24 ученици од училиштата од Охрид, Струга и Ресен.
Со гордост ги споделуваме извонредните успеси на нашите ученици и тоа: ![]()
Никола Чулчески VI одд.– освоено I место
Ева Ѓузелоска IX одд– освоено I место
Тамара Зенгоска IX одд. – освоено III место
Овие резултати се плод на нивната посветеност, знаење и љубов кон географијата, како и посветеноста на нивниот ментор, наставничката по географија Tanja Pucoska Bunceska.
Упатуваме искрени честитки до учениците и менторот за нивниот успех, а воедно им посакуваме уште многу успеси и достигнувања и на државниот натпревар! ![]()
На општинскиот натпревар по англиски јазик што се одржа на 14 март 2026 година, нашите ученици постигнаа солидни резултати:
Евгенија Стојаноска (IХ одд.) – II награда (ментор: Александра Николовска )
Симона Котоска (VIII одд.) – III награда (ментор: Елисабета Настоска)
Ема Коталеска (VI одд.) – III награда (ментор: Елисабета Настоска)
Алек Грнчески (VII одд.) – пофалница за учество (ментор: Елисабета Настоска)
Учениците со освоени награди се пласираа на регионалниот натпревар.
Им честитаме на учениците и менторите, со желба за успех на регионалниот натпревар!