Со учениците од прво, второ и трето одделение од Лескоец, како и со сите ученици од одделенска настава во ПУ Косел и ПУ Куратица се реализираше прекрасна и интерактивна едукативна работилница посветена на заштита на животната средина, одржана од волонтер од Црвен крст.



Преку разговор и интересни активности, учениците се запознаа со штетните последици од загадувањето, како и со начините за зачувување на природата.
Работилницата се одржа во пријатна и поттикнувачка атмосфера, со активно учество и интерес од учениците.



Преку практична активност, учениците се потсетија како правилно да селектираат отпад, а научија колку долго време е потребно за разложување на отпадот.
Погледнаа едукативно видео за важноста од примена на наученото.
Учениците дадоа ветување дека ќе се грижат и ќе ја чуваат нашата прекрасна природа.













