Нашето училиште како едно од трите “училишта без пластика”, беше дел од поп-ап настанот на Градскиот плоштад “Чисто е убаво – Охрид селектира!”

ООУ "Ванчо Николески" Лескоец, Охрид
ОВДЕ УЧЕШЕ ТАТКО МИ – СЕГА УЧАМ ЈАС. УТРЕ ЌЕ УЧАТ МОИТЕ ДЕЦА. ОВА Е НАШ ДОМ
Нашето училиште како едно од трите “училишта без пластика”, беше дел од поп-ап настанот на Градскиот плоштад “Чисто е убаво – Охрид селектира!”

На 11.11.2025 десетчлена делегација од професори и доктори на науки од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за целите на проектот „Мапирање на потенцијални геохазарди со посебен акцент на сеизмолошки податоци”, го посетија нашето училиште и одржаа едукативни предавања и интерактивни работилници за заштита од земјотрес со учениците од предметна настава.



Со низа активности и во централното училиште во Лескоец и во подрачните училишта во Косел и Куратица беше одбележана детската недела, под мотото: „Детето денес – иднината утре!“
Во рамки на Детската недела под мотото „Детето денес – иднината утре!“, учениците од V одделение од Лескоец денес ја посетија Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

И подрачното училиште во Косел како член на „Вело училиште” се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност (одржлива) од 16 до 22 септември.
Одговорниот наставник по ФЗО заедно со учениците реализираа разни велосипедски активности, како промоција на велосипедот и неговата важност за здравјето и за здравата околина.





Во соработка со Енхелус Лихнидос и ЈП Комуналец и оваа година првачињата учеа за важноста на грижата за животната средина и садеа дрвца за кои ветија дека ќе се грижат во текот на нивното школување.
Во Лескоец ги посадија Џоко и Елена околу кои ќе се сликаат за нивната полуматура.



Најубавото генерациско дрво коешто беше посадено лани од првоодделенци се вика Бела и се наоѓа во подрачното училиште во Косел. Бела била чувана како вистинско богатство, затоа и пораснала убава и раскошна
А скоро целото училиште во Косел учествуваа во садењето на Борче и Изи.
Ги поттикнуваме учениците да уживаат во грижата за животната средина.





Заеднички испраќаме пораки за важноста на физичката активност од најмали години и поттикнуваме здрави животни навики.
Одржувањето на спортскиот, здрав дух – соединува, не познава возрасни граници и создава многу позитивна енергија.
Континуирано практикување на спортот од најмали нозе е пред се добро за здравјето, но и за целокупниот детски развој.
Ги учиме децата дека физичката активност е еден од клучните фактори за здравје.
Низ неколку игри ![]()
, преку тимска работа децата се учат на дисциплина, толеранција и меѓусебно почитување.
Да спортуваме ![]()
![]()
, да го чуваме сопственото здравје и да оставиме позитивни примери на заедништво и инклузија, за генерациите зад нас.
![]()
Пронајдете време за себе, бидете и вие дел од Европската недела на спортот и изберете ја омилената активност!













Со пригодна свеченост, програма подготвена од повозрасните ученици и нивните наставнички, беа дочекани новите првачиња во ООУ „Ванчо Николески“, како во централното училиште во Лескоец, така и во подрачните училишта во Косел и Куратица.

