На 23.08.2022 година делегација од нашето училиште составена од наставничката по граѓанско образование Александра Петревски, педагогот Весна Терзиоска и учениците Виктор Николоски и Мики Грнчески од IX одделение, присуствуваа на конференција за ученички активизам, која се одржа во хотел Александар Палас во Скопје. Конференцијата беше насловена како „Граѓанско на дело: Од училница во акција“, а беше во рамки на наставиот предмет граѓанско образование. Стануваше збор за динамичен настан каде имаше можност да се проследат успешни наставни и воннаставни активности спроведени од училиштата изминатите години, по иницијатива од самите ученици. Исто така пред учениците беа презентирани организации и институции што ги изучуваат во рамки на програмата за Граѓанско образование, со тоа што нашите ученици имаа прилика да разговараат со претставниците на тие организации и институции. Во рамки на самата конференција се дискутираше и за реформите во граѓанското образование и понатамошните потреби на воспитно – образовниот кадар во училиштата.
Continue reading “КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УЧЕНИЧКИ АКТИВИЗАМ“Автор: vanconikoleski
ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ВО ИСТАНБУЛ ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „ЧИСТА ПРИРОДА – ДОЛГ ЖИВОТ“
Во периодот од 24.05 – 28.05.2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на четвртата мобилност од Еразмус+ проектот „Clean nature – long life” („Чиста природа – долг живот“) што се реализира во Истанбул, Турција. Темата на оваа мобилност беше „Рециклирање“, а целта беше да се споделуваат знаења и доживеат искуства за реупотреба на сите материјали што ги користиме. Освен претставници од нашето училиште, на оваа мобилност присуствуваа и претставници од: Англија, Романија, Турција и Португалија. Претставници на оваа мобилност од ООУ „Ванчо Николески“ беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска.
Continue reading “ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ВО ИСТАНБУЛ ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „ЧИСТА ПРИРОДА – ДОЛГ ЖИВОТ“”УЧЕНИЦИ ОД ПУ КОСЕЛ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
На 27 мај во рамки на годишниот план за личен и професионален развој, наставниците од нашето училиште Александра Петревски и Тони Црвенкоски со учениците од VI одделение од ПУ Косел, реализираа истражување и посета на културното и историско наследство на Охрид. За таа цел беше организирана посета на: Св. Богородица Перивлепта, Галерија на Икони и Св. Пантелејмон – Плаошник. Учениците и наставниците заедно поминаа убаво време заедно, исполнето со бројни информации, забава и корисно искуство.
Continue reading “УЧЕНИЦИ ОД ПУ КОСЕЛ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД”ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ НА НАТПРЕВАРИ
На регионалниот натпревар по Географија одржан на 21.05.2022 година, ученичката Елеонора Смическа VIа – освои III место и обезбеди пласман за државен натпревар. Таа беше под менторство на наставничката Татјана Бунчевска Пуцоска.
Continue reading ” ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ НА НАТПРЕВАРИ”Работилница за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица
На 27.05.2022 во нашето училиште со учениците од VII и VIIII одд. се одржа завршна работилница во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“.
Continue reading “Работилница за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица”Образовна мобилност во Охрид во рамки на Еразмус+ проектот „Our culture, our future”/„Наша култура, наша иднина“
Проектот „Our culture, our future” е во партнерство со училишта од: Хрватска (Корчула), Романија, Италија, Турција и Португалија, а се реализира до 31.08.2023 година. Во текот на две години наставници и ученици ќе ги посетат сите шест земји, каде ќе бидат вклучени во активности за запознавање со различните култури и споделување културно наследство.
Во Март 2022 година ООУ „Ванчо Николески“ беше домаќин на 36 наставници и ученици од овие 5 земји, кога се реализираше програма во рамки на прогамата за споделување природно и културно наследство.
ПОСТИГНАТИ ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА ОДРЖАНИТЕ НАТПРЕВАРИ
На регионалниот натпревар по Математика одржан на 26.03.2022 година, ученици од нашето училиште постигнаа одлични резултати и се пласираа за учество на државниот натпревар:
Continue reading “ПОСТИГНАТИ ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА ОДРЖАНИТЕ НАТПРЕВАРИ “ООУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ДОМАЌИН НА ЕРАЗМУС+ ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ
ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, Охрид, во периодот од 27-ми Март до 01-ви Април 2022 година беше домаќин на 11 наставници и 25 ученици од: Романија, Португалија, Хрватска (Корчула), Турција и Италија. Посетата беше во рамки на Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), а Охрид беше втор по ред домаќин на образовна мобилност од серијата мобилности што ќе се реализираат низ сите земји учесници во овој проект до крајот на август 2023 година.
Continue reading “ООУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ДОМАЌИН НА ЕРАЗМУС+ ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ”ИНТЕГРИРАН ДЕН ВО V одделение
На 24.03.2022 година во централното училиште во Лескоец се реализира интегриран наставен ден со учениците од V одделение, под раководство на наставниците Јасна Бадалоска и Сашо Климоски. Темата на денот беше Фолклор. Наставата се реализираше во училишниот хол што беше комплетно уреден во корелација со темата, односно просторот изобилуваше со традиционален мебел и предмети со фолклорни мотиви. Најпрво беше прочитана македонска народна приказна од која беа извлечени реченици што потоа учениците ги употребуваа во директен и индиректен говор (наставната содржина по македонски јазик). По часот Општество (Македонија во светот) учениците повторуваа за местоположба на Македонија во светот, Европа и Балканскиот Полуостров, соседи со кои граничи, беа посочувани градовите, селата, планините, реките, езерата, црквите и манастирите, а содржината беше интегрирана со математика, барајќи на која координати се наоѓаат одредени локации на картата. Содржината по математика беше заокружена со координати во координатен систем – да откријат буква и да состават збор во групата. Наставната содржина по Ликовно образование се работеше на импровизиран разбој, каде учениците ги изразија своите вештини и изработија креации во стил на народните ракотворби на нашите претци. Во меѓувреме наставниците ги поттикнуваа учениците да пеат македонски народни песни. Заинтересираноста, соработката, активноста на учениците, беа двигателот за овој ден да биде повеќе од успешен. Учениците уживаа во претставата на наставниците кои ги водеа низ лавиринтите на ракотворбите, приказните, песните, традицијата на нашиот народ во не толку далечното минато.
Continue reading “ИНТЕГРИРАН ДЕН ВО V одделение”ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ
На ден 21.03.2022 година ООУ “Ванчо Николески” – Лескоец беше одржана врсничка едукација за борба против модерното ропство – трговијата со луѓе. Едукацијата ја држеа сертифицирани врснички едукатори од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а опфатени беа 25 ученици од деветто одделение од нашето училиште. Преку прилагоден модел за ученици, интерактивен пристап и на мошне интересен начин учениците се запознаа со феноменот и опасностите од трговија со луѓе. Целта е да се едуцираат учениците, да се поткрене нивната свест и да научат како да се заштитат од овој социјален феномен, во кој најголема мета се токму младите лица.
Continue reading “ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ”

