Со голема радост и со многу активности учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Николески“ ја испратија зимата и ја дочекаа пролетта. Доаѓањето на пролетта и потребата за здрава животна средина беа проткаени во низата содржини што денес се случуваа во нашето училиште. Најмалите ученици од одделенска настава го уредуваа училишниот двор, дефилираа со пролетни пароли и испраќаа пораки за грижа за животната средина. Учениците пак од предметна настава го одбележаа Денот на екологијата со акција за чистење на улиците низ Лескоец, а членовите на еколошката секција засадија традиционално дрво – цреша и многу цвеќиња, со што го разубавија училишниот двор. Исто така изработуваа еколошки постери и пароли, со кои дефилираа низ улиците во Лескоец и потоа ги поставуваа на дрвата, со цел да се зголеми еколошката свест кај учениците и возрасните.
Continue reading “НАСМЕАНИ И ВО ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЈА ДОЧЕКАВМЕ ПРОЛЕТТА”Автор: vanconikoleski
Еразмус+ клубот од ООУ „Ванчо Николески“ во посета на ОО Црвен Крст Охрид
Во рамки на активностите од Еразмус+ проектите, а во соработка со ОО Црвен Крст Охрид, ученици од Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, беа во посета на општинската организција Црвен Крст Охрид. Со учениците од VII и IX одделение беше реализирана интерактивна дисеминациска работилница, преку која тие имаа можност да се запознаат со Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, со принципите, со значењето на амблемот, како и со активностите што ги спроведува оваа организација на национално и локално ниво. Посебен акцент беше ставен на волонтерите и волонтирањето, како клучен фактор за успешно реализирање на сите активности на Црвен крст и помагање таму каде што е најпотребно. Учениците поставуваа прашања, а најмногу беа заинтересирани за мотивот за волонтирање, карактеристиките на волонтерот како личност, како и нематеријалните придобивки на личен и професионален план што ги стекнува волонтерот во процесот на волонтирање.
Continue reading “Еразмус+ клубот од ООУ „Ванчо Николески“ во посета на ОО Црвен Крст Охрид”ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО РОМАНИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА“
Во периодот од 21-ви до 25-ти Февруари 2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на првата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Targu Jiu, Романија. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на земјата домаќин. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија и Португалија. Тимот од пет ученици од нашето училиште (Мелани Котоска, Илијана Климоска, Христијана Парулеска, Софија Колушоска и Наталија Караџова) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, кои се одговорни на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“.
Continue reading “ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО РОМАНИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА““СО ЉУБОВ ЗА РЕТКИТЕ
Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец се вклучија во поддршка на лицата со ретки болести, правејќи низа креативни работилници и активности во текот на месец февруари.
Преку обоени лица, дланки, цртежи, пароли и пораки изразија поддршка за лицата со ретки болести и нивната спремност да се подаде рака на истите. Во активностите се вклучија учениците и од подрачните училишта, а меѓу испишаните пораки беа и следниве: „Ретко е да си редок“, „Со ретките зближи се, за ретките погрижи се“, „Се грижиме дека сте ретки“.
Continue reading “СО ЉУБОВ ЗА РЕТКИТЕ”МОБИЛНОСТ ВО ИЗМИР (ТУРЦИЈА) ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „БРИШЕЊЕ БАРИЕРИ ПРЕКУ СПОДЕЛУВАЊЕ КУЛТУРНИ БОГАТСТВА“
Во периодот од 15.01 – 20.01.2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на втората мобилност од Еразмус+ проектот „Breaking barriers through sharing treasures“ („Бришење бариери преку споделување културни богатства“) што се реализира во Измир, Турција. Темата на оваа мобилност беше „Бисерот на Егејот, Смирна (Измир)“, а целта беше да се споделуваат знаења и доживеат искуства за културното наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на земјата домаќин. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Турција, Полска, Грција и Италија (онлајн). Претставници на оваа мобилност од ООУ „Ванчо Николески“ беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, педагогот Весна Терзиоска, како и 4 ученички од деветто одделение: Мелани Котоска, Наталија Караџова, Илијана Климоска и Марија Ѓорѓиеска.
Continue reading “МОБИЛНОСТ ВО ИЗМИР (ТУРЦИЈА) ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „БРИШЕЊЕ БАРИЕРИ ПРЕКУ СПОДЕЛУВАЊЕ КУЛТУРНИ БОГАТСТВА“ “ОТВОРЕН ДЕН И НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ООУ„ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“
На 24-ти декември во ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше реализиран Отворен ден во рамки на Проектот за поттикнување демократска клима во училиштето „Донеси и понеси книга“ и Новогодишен базар на отворено.
Continue reading “ОТВОРЕН ДЕН И НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ООУ„ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“”ПОСЕТА НА НУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ОХРИД ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ДОНЕСИ И ПОНЕСИ КНИГА“
Со почитување на сите Ковид – 19 протоколи во посета на НУ Библиотека во Охрид беа група ученици и дел од раководниот тим на ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.
Вработените од библотеката им приредија одлично „патување“ низ новите простории на библиотеката, нудејќи детални инфомации за секојдневната работа, за патот на книгата од нејзината набавка, обработка, до пултот за зајмување и на крај до рацете на читателот. Беа споделувани и интересни совети, примери и податоци за сите други работни обврски кои се извршуваат во установата, а се во интерес на граѓаните.
Continue reading “ПОСЕТА НА НУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ОХРИД ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ДОНЕСИ И ПОНЕСИ КНИГА“”ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА
Во периодот од 05.12 – 10.12. 2021 година во Вроцлав, Полска се одржа втората мобилност од Еразмус+ проектот „I CARE“. Првата мобилност беше во истиот град во текот на октомври 2021 година, но нашето училиште поради околностите и правилата за Ковид пандемијата присуствуваше онлајн на истата. Целта на проектот „I CARE“ се активности за зачувување на животната средина и грижа за истата, што е содржано и во самото име. Темата на оваа мобилност беше рециклирање и реупотреба на материјалите, со цел создавање помал отпад. На оваа мобилност освен од нашата земја, присуствуваа претставници од училишта од земјите партнери во проектот, и тоа: Шпанија, Естонија, Полска, Чешка и Финска. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, педагогот Весна Териоска и ученикот Андреј Маркоски од осмо одделение.
Continue reading “ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА”Реализирани работилници во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција
Во текот на ноември и декември 2021 година нашето училиште ООУ “Ванчо Николески” – с.Лескоец, општина Охрид реализира шест онлајн работилници во соработка со партнер училиштето ООУ “Јонус Емре” – с.Лисичани, општина Пласница. Работилниците се реализираа во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Во работилниците учествуваа вкупно 13 наставници и стручни соработници и 72 ученици од двете партнер училишта. Работилниците се изведоа преку онлајн средби на наставниците и учениците од двете училишта преку платформата Microsoft Teams.
Continue reading “Реализирани работилници во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција”Еразмус+ мобилност во Португалија
Во периодот од 29.11 – 3.12. 2021 година во Португалија се одржа втората мобилност од Еразмус+ проектот „Clean nature – long life“ („Чиста природа – долг живот“). На истата присуствуваа претставници од училишта од сите земји партнери во проектот, и тоа: Велика Британија, Турција, Португалија и Романија. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: директорката Елена Ел Нади, наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска. На оваа мобилност се работеше според претходно утврдена агенда за размена на искуства од областа на екологијата и вклученоста на училиштата во зачувување на животната средина. Нашето училиште презентираше дел од активносите што се прават на ова поле со нашите ученици, интеграцијата на еко содржините во образовниот курикулум, како и што е она што се планира во иднина да се прави за да се придонесе до почиста животна средина. Во рамки на посетата имавме прием кај Градоначалникот на São João da Madeira и од советникот за образование во Локалната самоуправа.Првата мобилност од проектот „Clean nature – long life“ се реализира во ноември 2019 година, а домаќин училиште беше ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, кога се работеше на тема „Климатски промени“. Еразмус+ проектот трае до август 2022 година.





































