Училиштето беше посетено од претставник на Здружението “Проект за македонските училишта” од САД, г-дин Том Линехам.

ООУ "Ванчо Николески" Лескоец, Охрид
ОВДЕ УЧЕШЕ ТАТКО МИ – СЕГА УЧАМ ЈАС. УТРЕ ЌЕ УЧАТ МОИТЕ ДЕЦА. ОВА Е НАШ ДОМ
Училиштето беше посетено од претставник на Здружението “Проект за македонските училишта” од САД, г-дин Том Линехам.

Интернационален е-Твининг семинар на тема “Well-being in schools” (Благосостојба во училиштата) се реализираше во период од 9-ти до 11-ти септември 2024 година, во Тбилиси, Грузија. На овој семинар учествуваа наставници од 14 европски земји.
Меѓу нив учество имаше учесници и од нашата држава меѓу кои и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска од ООУ “Ванчо Николески” – с. Лескоец, Охрид.
Continue reading “Учество на интернационален е-Твининг семинар во Грузија”Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Охрид.
ООУ “Ванчо Николески” ![]()
ПЕТТИ ДЕН (23.09.2024)
Вежба за тимска работа: “Моја приказна, мој мост”.
Работилница за ученици:
Учениците во групи креираа е – книга со приказните научени во Охрид.
Презентација на е-книгите.
Работилница за наставниците:
Презентација “Приказните во македонскиот образовен курикулум”
Групна дискусија
Креирање е-брошура
Официјално затворање на образовната мобилност:
Евалуација
Завршување на играта “Моите тајни пријатели” – креирање “Мојата приказна во Охрид”
Доделување сертификати
Во рамки на образовната мобилност групата учесници ја проследи претставата “Приказна за една идеја” во црквата “Света Софија”, во изведба на младите волонтери од Црвен крст Охрид.

Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Охрид.
ООУ “Ванчо Николески” ![]()
ЧЕТВРТИ ДЕН (21.09.2024)
Посета на Музејот на вода и Заливот на коските.
Работилница: “Приказна за мојот град и мојата држава” – креирање постер по групи и презентација.
Посета на комплексот “Свети Наум”.
Возење со чамец по изворите на реката Црни Дрим.
Работилница: “Приказна и легенди за Свети Наум”.

Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Охрид.
ООУ “Ванчо Николески” ![]()
ТРЕТ ДЕН (20.09.2024)
Спортски игри за загревање.
Активности за играта “Моите тајни пријатели”.
“Приказна за познатата охридска куќа” – наставен час:
Презентација за охридска куќа
Креирање макета “Секој своја охридска куќа”.
Прошетка по стариот дел на градот Охрид со туристички водич:
“Приказна за учителот” – потрага по скриено богатство во групи.
Склопување на најпозната мисла од учителот и правење видеа со истата.

Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Охрид.
ООУ “Ванчо Николески” ![]()
ВТОР ДЕН (19.09.2024)
Едукативен час: “Приказна за Галичица”
Посета на Хидробиолошки завод, Охрид:
Едукативен час: “Приказна за Охридското Езеро”.
Прошетка по кејот на Охридското Езеро
Драматизација на македонска народна приказна “Мрзливата жена и метлата” – едукативен час.
Вежба: “Приказна за мојата фотографија”.
Започнување на играта “Моите тајни пријатели”.

Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во
ООУ “Ванчо Николески” ![]()
ПРВ ДЕН (18.09.2024)
Свечено отворање на образовната мобилност во ООУ “Ванчо Николески”:
Перформанс: “Билјана платно белеше”
Танц: “Дома си е дома”
Говор од директорот и координаторот на проектот
Поделба на беџови, формирање групи, презентирање на неделната агенда и целите.
“Приказна за мене и приказна за моето име” – Вежба “Снежна топка” за запознавање.
Презентација од македонскиот тим:
„Приказна за нашето училиште“
“Приказна за охридскиот бисер” – приказна од нашите предци.
Презентација од другите училишни партнери – приказни од нивните предци:
“Приказна за Марко Поло” – Корчула
“Приказна за Петер Клепец” – Словенија
Разгледување на училиштето.
Посета на локалитетот Скребатно.
Спортски игри за загревање.
“Волшебна тура во природа” – Потрага по скриено богатство во групи и составување сложувалки.
Заеднички ручек со родителите.
Спортски игри во групи.

Во периодот од 18 – 23 Септември 2024 во Охрид се реализира третата и последна образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е главен координатор.
Домаќин на мобилноста беше ООУ “Ванчо Николески” од Лескоец, а на истата освен наставници и ученици од ова училиште, имаше наставници и ученици од ОШ „Анте Цурач – Пињац“ од Жрново Р. Хрватска (остров Корчула) и од ОШ “Брезовица при Љубљани” од Р. Словенија.

Првачињата од ООУ „Ванчо Николески“ вчера ги засадија нивните генерациски дрвциња во училишните дворови во Лескоец и Косел. Дрвцата „Маза“ и „Бела“ ќе бидат обележје на нивната генерација, а првачињата ќе се грижат секојдневно за нив, за да растат заедно.


Со свечена приредба подготвена од учениците и наставниците од V одделение, како и со поздравен говор од директорот на училиштето Сашо Климоски, беа дочекани првачињата во централното училиште ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

ООУ „Ванчо Николески“ наставната година ја започнува подготвено и спремно со подобрени услови и мотивација за успешна учебна година.



Пригодна програма за првиот училиштен ден и новите првачиња беше организирана и во подрачните училишта во Косел и Куратица.





На сите ученици, наставници и родители им посакуваме многу здравје, среќа и успешно справување со сите предизвици што ги носи едукативниот процес.
