OŠ “Brezovica pri Ljubljani” ![]()
ДЕН 5 (22.03.2024)
Последниот ден од образовната мобилност ни започна со посета на културниот центар “Цанкариев дом” во Љубљана, следење на претставата за добриот крал Matjaž. Учесниците имаа можност да бидат сведоци на прекрасна изведба на професионалната раскажувачка и писателка за деца Anja Štefan и да уживаат во раскажувањето и музичкото уживање кое ја оживува традицијата и промовира позитивни животни вредности.























































































































